1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова концепција на Арт Форум

Силвера Падори25 септември 2009

Со Берлинскиот Арт Форум е отворена есенската сезона на европски саеми на уметнички дела. Годинава тука излагаат 130 галерии од 19 земји. Арт Форум има ново раководство кое со себе донесоа свежина и новитети.

Саеммот на уметнички дела е „продолжен“ викенд за средби и разговори меѓу галеристите, колекционерите, уметниците и публикатаФотографија: Courtesy Wentrup, Berlin

Берлин деновиве е вистинска метропола на уметноста. Новините на 14.то издание на Арт Форум вратија многу галерии кои изминативе години “апстинираа”. Годинава Саемот го чинат четири тематски содржини. Во делот “Галерии” кон оние кои се занимаваат исклучиво со современата уметност, се приклучи и презентацијата на остварувања од пред пет децении. Во секторот “Фокус ” се претставуваат нови галерии, не постари од пет години. Свој настап имаат и списанијата за уметност и културните институции, а исклучително атрактивен е блокот “Под отворено небо” каде се презентираат инсталации и скулптури во летната градина на саемот. Таму може да се види и дело на Њујоркчанецот Роберт Бери, кој на публиката и е познат по своите конструкции од жици и конци. Сепак, најголемо внимание привлече големиот жолт камен потежок од 1.000 килограми на Вилхелм Мунд.

Средба на галеристи и колекционери

"Тука сум по четврти пат, но првпат во делот на млади галеристи. Секогаш бев голем фан на Арт Форум зашто доаѓаат многу колекционери.Одзивот е голем и изложените работи одлично се продаваат. Посетителите доаѓаат со цел: бараат дела од млади уметици и за мене тоа е вистинското” - Кажува галеристката Лена Брунинг од Берлин која од Арт Форум очекува нови контакти, договори за изложби и добра заработка од продадените дела.

Меѓу галериите има и многу од странство: Австрија, САД, Швајцарија, Шпанија, Британија.. Роџер Татли од “Алисон Џекес Галери” од Лондон вели дека во Берлин трага по нова енергија.Настапува заедно со галеријата “Тим” од Њујорк.Пред публиката го претставува творештвото на Рајан МекГинли.За продажбата на дела во време на криза Татли забележува:

"

Има многу колекционери кои се авантуристи и ги поддржуваат младите уметници. Согласно искуството на нашата галерија, работите и тоа како одат...За две недели продадовме 24 дела на Рајан МекГинли. Саемите се одлична прилика работите да се видат... и продадат!

Предизвик за уметниците

Меѓу колекцинерите, галеристите и публиката на Арт Форум има и многу уметници. Ја прашавме Моника Ратеринг како го доживува годинашниот саем? #б#

"

Секогаш и одново е возбудливо да се види Арт форум. Некогаш мора како капка в море да барам нешто што навистина ми се допага.Но, верувајте, барањето се исплатува! Секојпат има ново и прекрасно откритие!”

Паралелно со постојаните изложби, на Арт Форумот за различни теми се одвиваат и т.н. “Берлински разговори” меѓу уметниците, колекционерите и претставниците на културните институции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми