1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова метода за лечење на рак на црн дроб во Германија

12 август 2004

Овој тумор расте брзо и воопшто не реагираат на хемо терапии.

Мамографија на рак
Мамографија на ракФотографија: AP

Лекари од универзитетската клиника Диселдорф за првпат во светот лекуваат рак на црн дроб со помош на матични клетки. При тоа не станува збор за етички спорните ембрионални клетки, туку за матични клетки од возрасни луѓе кои се добиваат од коскената срж на самиот пациент. Со оваа терапија досега се излекувани тројца пациенти од овој вид рак.

Вистински болна не бев никогаш, објаснува 72-годишната пациентка, се до минатата есен кога бев на детален преглед кај мојот лекар, вели таа:

“На прегледот се покажа дека резултатите од црниот дроб не беа во ред. Се друго беше во ред. Ми се појави висок крвен притисок и внатрешна вознемиреност.“

Подоцна се утврди дека таа има рак нацрниот дроб и тоа многу голем. Единствената можност е операција. При операцијата прво заболениот дел од црниот дроб се става во мирување на тој начин што сите крвни садови кои водат кон него се прекинуваат.

Овој зафат поттикнува здравиот дел од црниот дроб да расте се додека не порасне доволно голем за да може да ги преземе повторно сите функции за размена на материи. Процесот може да трае и до три месеци. На крајот со втора операција се отстранува туморот. Проблемот при овој процес е тоа што истовремено со црниот дроб расте и тумурот. Поради тоа Проф.Волфрам Кнефел, директор на општа хирургија на универзитетската клиника Диселдорф, и предложил на пациентката да го забрзаат растењето на здравиот дел од црниот дроб со помош на матичните клетки од нејзината коскена срж.

“ Се покажа дека со активирањето на матичните клетки здравиот дел од црниот дроб порасна за 2,5 пати повеќе отколку без нив. Единствената добивка е времето, она кое на пациентот му е потребно за да може навремено да се отстрани тумурот. “-објаснува Проф. Кнефел.

При неделните контроли може да се види дека здравиот дел на црниот дроб со помош на клетките добро расте и ги презема своите функции. Сето тоа се разбира без никакви последици или оштетувања или пак алергични рекации, бидејќи се работи за сопствени клетки, тврди проф.Кнефел.

При оваа терапија со клетки успехот се постигнува за три недели , а не три месеци. За време на терапијата пациентот може да си оди дома.

По отстранувањето на туморот не е потребно земање на било какви лекови за опоравување. 72-годишната пациентка не правела ниту хемо, ниту терапија со зрачење. Освен тоа нема други поголеми здравствени ограничувања вели таа:

“Треба да се внимава малку со исхраната. Треба да се јаде помалку мрсна храна. Инаку, се друго можам да јадам.“

Од декември минатата година излекувани се тројца пациенти со овој вид терапија. Сите до сега се чувствуваат добро. Долгогодишни прогнози проф.Кнефел сепак не сака да дава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми