1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова надеж во Грција

Т. Тропер/Ј. Пападимитриу/бг3 февруари 2015

Грците се одушевени од новиот почеток кој им го вети свежо избраниот премиер Алексис Ципрас. Зошто е тоа така? Одговорите ги побаравме меѓу обичните луѓе во Атина.

Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

Нова надеж во Грција

02:55

This browser does not support the video element.

Во посета на атинското предградие Аргирополис, кај Јанис Флиндрис. Како возач на такси, тој порано добро заработуваше доволно за него и за сопругата Марија. Но поради кризата загуби речиси две третини од приходите.

Тој верува дека новата влада може тоа да го промени. Дека притоа се ризикува раскин со меѓународните кредитори, воопшто не го вознемирува.

„Се плашат само богатите - дека ќе го загубат своето богатство и дека ќе се врати драхмата. Веројатно имаат и основа за загриженост. Но, ние останатите немаме веќе што да загубиме“, вели Јанис Флиндрис.

Во неговата работа, Флиндрис има многу можности да разговара со други луѓе - актуелната политичка состојба и натаму е главна тема тука во Грција. Многу атињани го делат неговото мислење. Во градот се чувствува претпазлив оптимизам.

„Се надеваме на најдобро. Според мене, владата сака да ја подобри состојбата на подобро. Но прерано е да се каже дали ќе успеат.

„Сигурен сум дека нештата ќе тргнат кон подобро. Новата влада донесе храбри одлуки и покажува храброст“.

„Исфрлањето на Тројката може да биде добар чекор. Но прашањето е: од каде ќе дојдат парите? Како може нашата земја да напредува. На тоа нема одговор“.

Вака зборуваат граѓаните кои ги анкетиравме на улиците на Атина.

Но токму тие одговори новата влада ќе мора бргу да ги најде, вели политикологот Јоргос Цогопулос. Затоа што Сириза и Анел само така ќе можат да ги исполнат скапите изборни ветувања.

„Иако во Грција постои атмосфера на надеж, во суштина просторот за нови преговори е многу мал. Не очекувам дека новата влада ќе може да испреговара нови услови за враќање на долговите, со исклучок на неколку козметички промени“, вели Цогопулос.

Таксистот Јанис Флиндрис и неговата сопруга Марија се надеваат на повеќе. Тие се убедени дека нивниот нов претставник ќе има успех во Брисел, и покрај или токму поради неговата природа.

„Верувам дека двете страни само го испитуваат теренот, ја креираат атмосферата пред преговорите. Затоа, не би се грижел многу за она што се случуваше досега“, вели Флиндрис.

Како и мнозинството Грци, Флиндрис и неговата сопруга сакаат да го задржат еврото. Но не сакаат да се откажат ниту од надежта за крај на политиката за штедење и подобар живот.

Нова надеж во Грција

02:55

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми