Нова олимписка дисциплина - слоуп-стил
9 февруари 2014Маневрите се викаат „Свич Дабл Мисти“, „Тракдрајвер“ или „Дабл Корк“.
Лиза Цимерман ги владее сите.
„Немам страв, повеќе е дека не знаеш што ќе се случи. Ако се плашиш, веднаш откажи се, оти тогаш најчесто не успева“, вели таа.
Скокови преку вештачки возвишенија и скијање по две патеки со пречки со должина меѓу 600 и 700 метри - во слоуп-стил се комбинираат брзина и акробатика.
„Во слободното скијање постојано оди угоре и удолу. Ако паднеш, мора да се соземеш и повторно да се обидеш, инаку нема ништо да научиш.“
Со напорен тренинг Лиза научила многу бргу. Со слоуп-стил почнала пред само три години. Претходно се занимавала со уметничко лизгање. Напрегањето на телото што притоа го усовршила и‘ помогнал брзо да стане една од најдобрите во светот.
„Супер е што учествувам на Олимпијадата. Голема чест е да се видат сите тие врвни спортисти.“
Во меѓувреме и самата е на врвно ниво. Лиза Цимерман е прва жена на која и‘ успеа четирикратна ротација. Неодамна првпат победи во Светскиот куп. Во германскиот олимписки тим е една од најмладите и е таен фаворит за медал.