Нова партија на македонските Албанци
9 септември 2007Реклама
Во Тетово денеска е конституирана нова политичка партија – Албанска демократска унија. Во нејзината програмска декларација се вели дека позицијата на Албанците во Македонија и натаму е тешка. Новата партија смета дека постоечките партии на Албанците, поради непринципиелни интереси, прифатиле инфериорна позиција и дозволиле опструкции на Рамковниот договор. За привремен претседател е избран бардил Махмути, до неодамна член на раководството на ДПА (Демократската партија на Албанците).