Партијата на францускиот претседател „Република во движење“ освои една третина од гласовите во првиот круг на парламентарните избори во Франција. Иако мора да се сочека вториот круг гласање, сепак аналитичарите сметаат дека Макрон добил јасен мандат да ја спроведува својата политика.