Нова рација против десни екстремисти
29 јули 2011Реклама
Во полициска рација во германската покраина Саксонија се претресени становите на 22 лица на возраст меѓу 18 и 30 години. Тие се сомничат за членство во десно-екстремистичката група „Терор кру мулдентал.“ Според властите, станува збор за криминална група, која меѓу другото се обвинува за ксенофобија и насилни деликти. Претходно слична полициска офанзива беше изведена и во градот Штутгарт.
Автор:ТТ/АТ/дв
Редактор: Симе Недевски