1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Нова сезона во Бундеслигата: Сѐ е исто, како и лани

БГ
24 август 2018

И покрај промената на тренерот, Бајерн Мингхен останува главен фаворит за титулата и во новата сезона. Остатокот од тимовите ќе се борат за настап во европските купови или за опстанок во лигата.

Deutschland BG Bundesliga | FC Bayern München feiert die sechste deutsche Meisterschaft in Folge
Фотографија: picture-alliance/sampics/C. Pahnke

Единственото прашање на кое сите веќе имаат подготвен одговор во пресрет на почетокот на новата сезона во Бундеслигата е дали Бајерн Минхен ќе ја освои и седмата шампионска титула едноподруго. Одговорот е: Да!

„Доволно сме самоуверени за да кажеме дека сакаме да бидеме германски прваци“, вели новиот тренер Нико Ковач, кој летово ја презеде функцијата од Јуп Хајнкес.

Минатата сезона Бајерн ја освои титулата со предност од 21 поен пред второпласираниот Шалке на табелата.

„Бајерн ќе биде шампион затоа што го има најдобриот тим“, вели тренерот на Шалке, Доменико Тедеско.

Единствените отворени прашања, се чини, се кои тимови ќе му се придружат на Бајерн во следната сезона на европските купови, а кои ќе се борат за опстанок во лигата.

Зошто е Бундеслигата подобра од англиската Премиерлига?

01:12

This browser does not support the video element.

За првпат во историјата на Бундеслигата, Хамбургер нема да биде дел од неа.

Новаци се Нирнберг и Фортуна Диселдорф, а веројатно со нив борба за опстанок ќе водат Фрајбург, Мајнц, Хановер, Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург.

Борусија Дортмунд, Бајер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах, Лајпциг и Шалке се главните конкуренти на Бајерн и ќе се борат за местата кои водат во европските натпреварувања.

Првиот натпревар е на програмата вечерва (24.08). Традиционално сезоната ја отвора првакот од претходната, Бајерн Минхен, а противник ќе му биде третопласираниот од лани, Хофенхајм.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми