Новиот шпански премиер положи заклетва. Наспроти сите хорор-сценарија, Педро Санчез е добра вест за Европа. Шпанија има реална шанса за нов почеток и за решавање на спорот со Каталонија, смета Штефани Милер.
Реклама
Шпанските конзервативци на екс-премиерот Маријано Рахој, кои ја загубија власта поради корупциските скандали, во идните месеци како опозиција треба да си ги расчистат работите ако на следните парламентарни избори не сакаат да доживеат целосен пад. Во најновите анкети тие се трета политичка сила во земјата по Либералите и Социјалистите.
Социјалистичката партија на новиот шпански премиер Педро Санчез, кој денеска положи заклетва на новата функција, процесот на обвновување го заврши уште во изминатите години. Социјалистичката партија вршеше интерни демократски процеси на изјаснување и се прости од многумина од старата лига, кои имаа решавачка улога и вина во формирањето меур од сапуница во браншата на недвижности. Социјалистички градоначалници и регионални политичари радо прогледувале низ прсти при контролите на локалните банки, градежните проекти и други проекти во замена за пари и великодушно ги пречекорувале постоечките закони. 46-годишниот Санчез сега треба да се докаже, но тој може да се поистовети со новиот почеток на Социјалистичката партија.
ЕУ не треба да има главоболки поради Шпанија. Домашните концерни и бројни средно големи претпријатија излегоа зајакнати од економската криза започната во 2007. година, која во 2012. година водеше кон европско спасување на банките, но во меѓувреме предизвикува само политички последователни болки. Мнозинството шпански фирми, исто како и граѓаните, научија да штедат. Тие ги подобрија процесите, инвестираат во истражување и развој и поради тоа водат во модерните технологии како блокчеин, интернет-поврзувањето и вештачката интелигенција. Шпанците во меѓувреме се во првите редови и во областа на медицинскиот развој и инфраструктурни проекти. Не само што шпанските банки држат први места според ефикасноста и иновациите, туку и Телефоника и шпанската брза железница станаа симбол на модерна и кон иднината ориентирана Шпанија.
Санчез сега ваквата стабилност може да ја етаблира и во сферата на политиката. Гласањето за доверба за владата на екс-премиерот Рахој во шпанскиот парламент создаде повторно мнозинство со кое е можно конечно да се донесат нови закони и да започнат важни општествени проекти, како уставна реформа и промени во избирачкото право. Шпанија на таков начин има шанса за втора „транзиција“. Така Шпанците го нарекуваа преминот од диктатура во демократија. Несомнено, промената на владата преку импичмент претставува прелом за Шпанија и сигнал дека корупцијата повеќе нема да се толерира. Граѓаните во меѓувреме повеќе ги ценат етиката и моралот на политичарите наместо економската умешност.
Анкета на шпанскиот Институт за истражување на јавното мислење Центар за истражувачка социологија покажува дека на Шпанците корупцијата и измамите им создаваат најголеми грижи, покрај невработеноста која сѐуште изнесува 16 проценти. Новата министерка за правда Маргарита Роблес може да придонесе за тоа шпанското правосудство повторно да стекне престиж, исто да се заложи и за слобода на медиумите. Вработените во шпанската ТВ и радио РТВЕ со месеци се жалат дека биле ставени под масивен притисок од досега владејачката Народна партија да не известуваат за одредени корупциски случаи. Санчез не треба да падне во искушение, слично на некои негови претходници, да заврши во истата стапица и РТВЕ да ја користи за пропаганден апарат.
Историјата на каталонското движење за независност
Стремежот на Каталонците за независност има долга историја. А во текот на таа историја имало подеми и падови, засилување на автономното право и угнетување. Ова се некои од најзначајните случувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Богато античко наследство
Каталонија рано ја населиле Фениќаните, а потоа Етрурците, па Грците. Грците ги населиле пред сѐ Росас и Ампуриас (на сликата). Римјаните продолжиле со изградба на населби и инфрастукура. Каталонија остана дел од Римското царство сѐ додека не ја освоија Визиготите во 507 година по Христос.
Фотографија: Caos30
Грофовства и самостојност
Во 711 година Каталонија ја освоија Арапите. Карло Велики го запре нивниот продор во 732 година кај Тур на Лоара, а веќе во 759 година северот на Каталонија стана повторно христијански. Во 1137 година каталонските грофовства влегоа во сојуз со кралството Арагон. Во 13. и почетокот на 14. век Арагонското кралство владее со западното Средоземје и ги освои Мајорка (на сликата) и Валенсија.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archiv
Автономија до војната за престоли
Во 13. век се создаваат институции на каталонска самоуправа, наречени „Generalidad de Catalunya". По обединувањето на земјите под круната на Арагон со кралството Кастиља во 1476 година, Арагон можеше да ги задржи своите автономни иституции сѐ до завршувањето на шпанската војна за престоли (1714 година) - со пауза за време на селската буна (на сликата) од 1640 до 1659 година.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Годишнина на еден пораз
Откако Барселона на 11 септември 1714 година ја освои бурбонскиот крал Филип V каталонските институции се распуштени и ѝ е ставен крај на самоуправата. Секој 11 септември Каталонците се потсетуваат на укинувањето на нивните автономни права (на сликата се демострациите од 2015 година во Барселона).
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gene
Федерални идеи и прва шпанска република
Откако абдицираше Амадео I на 10 фебруари 1873 година е прогласена првата Шпанска Република, која траела помалку од една година. Симпатизерите на републиката се неединствени. Едните сакаа централистичка република, другите федерален систем. Симпатизер на федерализмот бил и Франциско Пи и Марагал (на сликата), еден од петте претседатели на краткотрајната република.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Неуспешен обид во 19 век
Обидот Каталонија во Шпанската република да создаде сопствена држава дополнително го заостри конфликтот меѓу републиканците. Во 1874 година повторно е воспоставена монархија на чело со Алфонсо XII (на сликата) од династијата Бурбон.
Во периодот меѓу 1923 и 1930 година, генералот Примо де Ривера воспоставува во Шпанија диктатура, со помош на кралот Алфонсо XII, војската и свештенството. Каталонија станува центар на опозицијата и отпорот. Политичарот Франческ Масиа (на сликата) успева да избори за Каталонија важни автономни права по крајот на диктатурата.
Самоуправа во втората Шпанска Република
За време на втората Шпанска Република, каталонските пратеници го изработија Статусот на автономија од Нурија, кој во 1932 година го прифати и шпанскиот парламент. Франческ Масиа по изборите за каталонскиот парламент беше избран и за претседател на самоуправата на Каталонија. Победата на генералот Франко во шпанската граѓанска војна (1936-1939),меѓутоа значеше крај на втората Шпанска Република.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Крај на сите слободи под Франко
Режимот на Франко (1939-1975) за Каталонија значеше и укинување на демократските слободи: забрана на сите политички партии и прогон на нивните активисти, укинување на автономниот статус и потиснување на каталонскиот јазик и култура.
Фотографија: picture alliance/AP Photo
Повторно воспоставување на автономијата со нов статут
По првите слободни избори по падот на Франковата диктатура „Generalidad de Catalunya“, во 1977 година е привремено повторно воспоставена. Врз основа на шпанскиот демократски устав од 1978 година, Каталонија наредната година доби нов статус на автономија.
Жорди Пујол, долгогодишен претседател на владата на Каталонија
Првиот статус за автономија по времето на Франко ги признава самостојноста на Каталонија и каталонскиот како самостоен јазик. Во споредба со статусот од 1932, проширени се овластувањата на Каталонија во областа на образованието и културата, но се ограничени во областа на правосудството, финансиската управа и јавниот поредок. Жорди Пујол беше претседател на каталонската влада од 1980 до 2013 год.
Фотографија: Jose Gayarre
Јакнење на самосвеста
Стремежот на Каталонците за независност повторно се засили во последниве години. Во 2006 Каталонија доби нов статус на автономија со проширени овластувања. Но, по тужбата на конзервативаната партија ПП, шпанскиот Уставен суд ги укина проширените овластувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Прв обид за референдум
Референдум за незвависност на Каталонија беше предвиден за 9 ноември 2014 година. Неговото прво прашање гласеше: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“ Кој ќе се изјаснеше „За“ требаше потоа да одговори на прашањето „Сакате ли таа држава да биде независна?“. Но, Уставниот суд го стави гласањето надвор од сила.
Фотографија: Reuters/G. Nacarino
Двобој на двајца премиери
Од јануари 2016 година Карлес Пуџдемон е претседател на каталонската влада. Тој го продолжува националистичкиот курс на својот претходник Артур Мас и и покрај сите напори и полициско насилство на 1 октомври 2017 година го спроведе референдумот за независност, кој шпанскиот премиер Маријано Рахој го отфрла како противуставен.