1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Нова шанса за Џулијан Асанж

СН/агенции
24 јануари 2022

Основачот на Викиликс, може да вложи приговор до британскиот Врховен суд на пресудата со која е овозможена негова екстрадиција во САД. На Асанж, кој е веќе 10 години затворен, во САД му се заканува драконска казна.

Поддржувач на Џулијан Асанж пред Високиот суд во Лондон
Поддржувач на Џулијан Асанж пред Високиот суд во ЛондонФотографија: Ming Yeung/Getty Images

Високиот суд во Лондон ја уважи аргументацијата на адвокатите на Асанж и допушти да поднесат барање за ревизија до Врховниот суд на Велика Британија. Тоа ќе биде противтужба на пресудата на апелацискиот суд во Лондон од почетокот на декември со која е укината забраната за екстрадиција во САД.

Сега Врховниот суд треба да одлучи али ќе се изјасни за барањето за ревизија.

Американското обвинителство го товари Џулијан Асанж за шпионажа поради што му се закануваат 175 години затвор. Тој се обвинува дека со помош на инсајдерката Челси Менинг „украл“ и објавил таен материјал за воените мисии во Ирак и во Авганистан. Тоа, наводно, ги довело во опасност животите на американските доушници на терен.

Поддржувачите во Асанж гледаат јунак, истражувачки новинар кој плаќа скапа цена, бидејќи на светот му ги открил американските воени злосторства.

Џулијан АсанжФотографија: Peter Nicholls/Reuters

Лоша здравствена состојба

Австралијанецот Асанж (50) веќе 10 години е лишен од слобода. Тој во јуни 2012 година се засолни во еквадорската амбасада во Лондон откако шведските служби побараа негова екстрадиција поради обвинувања за силување и злоставување шведски државјанки. Основачот на Викиликс ги отфрли обвинувањата, сметајќи ги за маневар со кој на крајот би завршил пред американски суд.

Шведскиот налог за апсење конечно беше укинат во 2017 година, но тогашните надлежни во Британија соопштија дека ќе го приведат Асанж откако ќе ја напушти еквадорската амбасада. Тој тоа го стори во април 2019 година.

Семејството на Асанж веќе со месеци ја опишува неговата здравствена состојба како драматична. Асанж не се чувстувал добро и тешко ги следел последните сослушувања на кои присуствувал по пат на видео-линк од затворот Белмарш.

 

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми