1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новинарите во одбрана на достоинството

4 јули 2011

Во пет до дванаесет денеска пред просториите на Здружението на новинарите на Македонија повеќе десетици новинари од Македонија излегоа на протести.

Die Journalistin des Senders TV A1 vor dem Regierungsgebäude in Skopje. Die Bürger unterstützen den Sender TV A1. Der Fotograf ist Petr Stojanovski. 18.01.11 in Skopje, Mazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski

Тргнувајќи од зградата на Здружението на новинари, па се' до плоштадот „Пела“, новинарите на мирен протестен марш ја покажаа својата солидарност со колегите кои останаа без работа и изразија негодување поради секојдневното кршење на професионалното и човечкото достоинство. На протести повикаа Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и Здружението на новинарите (ЗНМ). Новинарските здруженија за непосреден повод за протестот ги наведуваат отказите на две новинарки од „Утрински весник“ и затворањето на дневните весници „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“. Претседателот на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис изјави дека причините за протестот се многубројни. Денеска беше побарано подобрување на состојбата на новинарите и менување на односот на сопствениците на медиумите кон нивните вработени.

Автор: БМ/миа

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми