1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Се стега обрачот околу „демначите“

ДТЗ
28 јули 2021

Министерот за правда, Бојан Маричиќ најавува законски измени за да не се повторуваат напади врз новинари и случаи како „Јавна Соба“.

Frau und Stalker
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warmuth (

Владата го стега обрачот околу „демначите“, а ќе ја зајакнува и заштитата на медиумските работници од напади и закани. Со измени во Кривичниот законик во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како напад врз службено лице.

„Воведуваме строги казни за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на Здруженијата на новинари, чиј претставници активно учествуваа во Работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ. Овие измени се очекува да придонесат за намалување на случаите за напади и закани кон новинари, но и ќе се спречат случаи како групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ , каде повеќе од 6.500 членови споделуваат околу 10.000 фотографии и видеа со експлицитна соджина на  малолетнички.  

-повеќе на темата: До три години затвор за демначите на социјалните мрежи 

Преку имплементација на Истанбулската конвенција, законски ќе се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела кои досега во Северна Македонија кај не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади.

Со новото дело ’Демнење’ предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, вели Бојан Маричиќ.Фотографија: Justizministerium/Nord-Mazedonien

„Со новото дело ’Демнење’ предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал се случува сè почесто. Сега, тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави  несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, вели Маричиќ.

-повеќе на темата: Се бара крај за неказнивоста на нападите врз новинари

Министерот на прес-конференцијата објави и измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за граѓанска одговорност, со кој значително се намалува висината на казните кои медиумите и новинарите би ја платиле како отштета за клевета и навреда. Од максимални 2.000 евра, со измените оваа сума се спушта до максимални 400 евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми