1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новинарски протест пред владата: врзете си ги кучињата!

БГ /Макфакс
12 март 2018

Новинарите денеска протестираа пред владата по заканите кои беа испратени на адреса на претседателот на ЗНМ Насер Селмани. Чашата е прелеана, порача Селмани. Чаусидис побара полициска заштита за новинарите

Mazedonien Protest von Journalisten in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Заканите од високиот функционер на владејачката ДУИ, Бекир Асани до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани денеска ги извадиja новинарите на улица. Тие протестираа пред владата и бараа запирање на заканите и притисоците на кои се изложени новинарите.

Селмани рече дека протестот е организиран пред Владата бидејќи веќе се „прелеала чашата“. „Не сме тука само затоа што некои насилници ми се закануваат мене, туку затоа што постојано новинарите се изложени на закани и притисоци, затоа што се спроведува цензура во телевизиите, затоа што новинари се влечат по

судови затоа што сликаат политичари на јавни места. Сакам да и упатам порака на Владата - не прифаќаме објаснување дека во Владата има лоши и добри дечки. Не прифаќаме дека во Владата да има две влади. Оваа Влада има обврска да ги замолчи насилниците. не е доволно Владата само да го осуди насилството. Таа има обврска да ги замолчи насилниците или во спротивно ќе станат дел од таа приказна“, порача Селмани.

„Сега е време да се направи разлика - кој е за слободна демократска Македонија, а кој е со насилниците“, порача претседателот на ЗНМ.

Насер Селмани и порача на власта да „си ги врзе кучињата“. Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис пред Владата порача дека протестот се организира поради заканите од страна на високи припадници на партијата која што е на власт, упатени врз Насер Селмани. „Нападот на Насер е напад врз сите новинари. Бараме полициска заштита, бидејќи станува збор за насилници кои имаат историјат за насилство врз новинари“, рече Чаусидис.

На протестот се појави и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски кој ги осуди нападите врз новинарите и порача дека Владата има нула толеранција за напади врз новинарите.
Селмани го критикуваше Поповски дека Владата не презема ништо за да ги заштити новинарите.

„Затоа ви кажувам врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани“, му порача Селмани на Поповски.

Медиумските слободи во Македонија долго време добиваат негативни оценки од водечките меѓународни организации, а земјата од 2011 година се наоѓа на дното на релевантните листи според слободата на медиумите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми