1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Новите автомобили загадуваат повеќе отколку што се тврди

ЕМФ
6 ноември 2017

Новите автомобили во Европа трошат повеќе гориво отколку што тврдат производителите, а со тоа и повеќе ја загадуваат животната средина, покажа новата студија на еколошката организација ИЦЦТ.

Symbolbild Dieselskandal Automobilindustrie
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt

Новите возила, според студијата на Меѓународниот совет за чист транспорт (ИЦЦТ), трошат во просек по 42% повеќе гориво отколку што наведуваат производителите. Јазот меѓу официјално наведените податоци и вистинската потрошувачка е голем како никогаш досега, оцени оваа еколошка организација. Првата студија на оваа тема, спроведена во 2013 година, покажа разлика од 25%.

Поголемата потрошувачка на гориво значи не само поголемо финансиско оптоварување за возачите, кои годишно во просек даваат по 400 евра повеќе отколку што изнесуваат пресметките при купувањето на возилото, туку тоа значи и поголемо загадување на животната средина поради испуштање на поголеми количества ЦО2. Организацијата ИЦЦТ, која го откри скандалот со издувни гасови во Фолксваген, анализираше податоци од околу 1,1 милиони автомобили од осум европски земји.

Фотографија: Getty Images/AFP/F. Tanneau

Потрошувачката на гориво на автомобилите се наведува согласно тестовите направени во лаборатории, кои се изведуваат под определени услови. Од септември за новите типови возила во важност се построги правила, а тие правила ќе важат за сите новопроизведени автомобили од наредната есен. Истражувачите на ИЦЦТ очекуваат новите тестирања подобро да ги отсликуваат реалните услови за возење, со што разликата меѓу она што го наведуваат производителите и вистинската потрошувачка на гориво би била преполовена.

И покрај тоа, се претпоставува дека и натаму ќе има „дупки“, па се нагласува дека е неопходно да се воведат единствени европски мерки на казнување од кои би биле погодени автопроизводителите кои би се служеле со трикови и погрешни податоци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми