1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што содржи новиот законот за доселување?

Џенифер Вагнер
18 февруари 2020

Закон за доселување на стручни кадри – широк опис, но треба да го знаат пред сѐ странци, ако сакаат да работат во Германија. Кои нови правила ги содржи нацртот, покажува следниот преглед.

Flüchtlinge als Fachkräfte
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Германија е земја на доселеници и потребни и се пред се работници од странство за да ја покрие потребата од нив. Тоа веќе подолго време им е јасно на социјалдемократите, либералите и зелените. Коалицијата на ЦДУ-ЦСУ пак, која веќе 12 години владее во земјата подолго пружаше отпор спрема носењето закон за доселување. Конечно, пред Божиќ, на 19 декември кабинетот треба да гласа за нацртот.

Правна рамка

Кој од странство може да дојде во Германија за да се едуцира или пак да работи, треба да биде регулирано токму во овој закон. Главно фокусот е ставен на луѓе кои веќе имаат завршено високо образование или виша школа. Ако тие услови се исполнети и заинтересираниот може да докаже дека нашол работно место во Германија, доселувањето му е дозволено. Нема ограничување по професии. Тоа значи дека не се работи само за луѓе кои може да пополнат работни места во некоја од областите за кои владее недостиг на работна сила. Генерално нема да се практикува веќе ни проверката дали странец навистина би имал предност пред домашен за конкретното работно место, но по потреба таквата проверка ќе може да се воведе во било кое време за заштита на домашната работна сила. Ново правило е и дека стручни кадри со специфична обука може да си бараат работно место и во Германија, наместо да го имаат веќе најдено пред да се доселат. За наоѓањето работа ќе имаат време од 6 месеци. Тоа значи дека сите оние кои не можат да приложат доказ за работно место, но имаат доказ за соодветна стручна квалификација може да бараат работно место, доколку имаат познавања од германскиот јазик. Кандидатите мора и да докажат дека самите може да се издржуваат и дека нема да бараат социјална помош од Германија.

Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Да се обезбеди квалитетно извршување на работите

Предуслов за тоа странса работна сила да работи во Германија е да биде признаена нивната квалификација. Во минатото токму во овој дел имаше многу проблеми, а за да се смени тоа сега е предвидено и проширување на системот за признавање на странски дипломи. Покрај тоа треба да има и подобро советување за заинтересирана странска работна сила. Според информации на Зиддојче Цајтунг нацртот има и една клучна точка која овозможува олеснување на доселувањето, односно предвидува ограничена можност признавањето на дипломите стекнати во странство да биде направено и по доаѓањето во Германија. Или поинаку кажано, квалификувана работна сила од странство може да дојде во Германија, да работи споровозна работа и паралелно со тоа да чека на признавање на дипломата.

Менување коловоз?

Под овој штихворт во коалицијата доста се дебатираше околу можноста на дбиени баратели на азил да им се овозможи префрлање во процес за доселување, доколу важат за добро интегрирани, имаат работа и добро го зборуваат германскиот јазик. Наместо тоа во нацртот се најде правило според кое се толерира двегодишно работење, односно ако конкретното лице во моментот на одбивање на барањето на азил работи, не смее да биде екстрадирано во следните 2 години. Таквото толерирање на престојот важи само за оние одбиени баратели на азил кои веќе 18 месеца работат со придонеси за социјално осигурување, минимум 35 часа неделно и веќе 12 месеци се толерирани. Со тоа владата според образложението во нацртот сакала да исклучи дека веднаш по одбивањето за азил би се добило решение за толерирање на престој за време на работа. Службите за странци со тоа треба да добијат на време за да ги спроведат мерките за прекин на престојот.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Толерирање престој за време на обука

Правиото дека одбиени баратели на азил за време на нивната тригодишна обука не смее да бидат екстрадирани и дека по завршувањето на обуката имаат право уште две години да работат во Германија, се проширува и на т.н.помошни професии. Предуслов е подоцна да завршат обука за професија во која нема доволно квалификувана работна сила во Германија. Т.н. три-плус-два правило треба да најде иста примена во сите сојузни покраини, што до сега не беше пракса.

Учење германски

За да може јазикот да се изучува уште во странско на повисоко ниво планирана е надградба на курсевите од Гете институтите. Но, и самиот бизнис застапени преку Германските стопански комори мора да вложат поголеми напори и да ја рашират мрежата на странски претставништва за да го поттикнат изучувањето на германскиот јазик. Слични модели на соработка се планирани и со училишта во странство. Друг предлог е да се развиваат програми за обуки во странство кои ќе содржат и модул за изучување на јазикот.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми