1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови варијанти на Омикрон- што се знае за нив?

Сиља Фрелих
16 април 2022

Светската здравствена организација ги стави под засилено набљудување двата поттипа на сојот Омикрон на коронавирусот - БА.4 и БА.5. Преглед на фактите кои се досега познати за нив.

Illustration Coronavirus
Фотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

За време на пандемијата постојано се појавуваат нови соеви на коронавирусот. И во текот на оваа недела Светската здравствена организација (СЗО) воведе мониторинг на двата поттипа на сојот Омикрон.

Научниците во Боцвана и во Јужна Африка ги открија соевите БА.4 и БА.5. Во моментов се испитува нивната вирулентност - инвазивност, инфективност и патогениот потенцијал.

Досега овие поттипа на Омикрон се откриени кај 4 лица во Боцвана и 23 во Јужна Африка. Но, нови варијанти на Омикрон се регистрирани и во други земји како што се Белгија, Данска, Германија и во Велика Британија.

Шангај: Милиони жители во ковид-изолација

01:27

This browser does not support the video element.

Повеќе: Дали е на повидок крај на пандемијата?

Досега не се понајдени значителни епидемиолошки разлики меѓу досега познатите соеви на Омикрон и поттиповите. „Појавата на нови поттипови не е причина за грижа. Сѐ уште немаме забележано значителен раст на случаи на заразување, задржување во болница или смртни случаи“, соопшти Мачидисо Моети, регионалнен директор на СЗО за Африка.

Нова варијанта на Омикрон и во Велика Британија

И во Велика Британија во моментов се шири нова варијанта - Омикрон ХЕ. Забележани се над 1.000 случаи, како што соопшти во својот извештај минатата недела надлежната служба на британското Министерство за здравство.

Поттипот ХЕ е комбинација на првобитниот сој Омикрон БА.1 и сојот БА.2, далеку позаразен вирус. Соевите кои се создаваат со тие вкрстувања содржат генетски материјали од повеќе варијанти и така се создава нова верзија на коронавирусот.

Повеќе: Практични совети за Ковид-19: Што да правите ако се заразите со Омикрон

Некогаш се случуваат грешки во размножувањето на вирусот. Тоа доведува до мутации кои најчесто не ја менуваат структурата на вирусот. Тоа се вика тивка мутација. Мутациите во шилестиот (спајк) протеин можат, на пример, да ја зголемат заразноста на вирусот во однос на претходниот сој.

Сојот Омикрон ХЕ, меѓутоа, е комбинација на две различни варијанти, создаден така што различни соеви ги заразиле келиите на некое лице во исто време. Тие така можат да го комбинираат својот генетски материјал и да заразат други лица.

Најголем дел од генетските информации во Омикрон ХЕ потекнуваат од поттипот БА.2, кој не доведува до потешки облици на болеста во однос на поттипот БА.1.

Освен тоа, познато е и дека поттиповите на Омикрон доведуваат до помалку тешка клиничка слика, но се исклучително заразни.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми