1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови даноци за богатите во Франција

25 август 2011

Поради лошата економија и големиот државен долг Франција усвојува пакет мерки за штедење. Се укинуваат даночните олеснувања, а богатите ќе плаќаат поголем данок.

Frankreich Nicolas Sarkozy Ministertreffen
Саркози и неговата влада се одлучија на ригорозни меркиФотографија: dapd

Поради намалениот раст на економијата, ќе растат даноците. Тоа е решението кое го предлагаат претседателот Никола Саркози и неговата влада. Неговиот премиер најави дека поради стагнацијата на економијата, што значи и помалку пари во државната каса, следната година треба да се заштедат 11 милијарди евра.

„Товарот мора да биде рамномерно распореден меѓу граѓаните и бизнисот. Од големите фирми ќе се очекува повеќе отколку од помалите, а од побогатите семејства повеќе отколку од сиромашните“, изјави премиерот Франсоа Фијон.

Даноците за тутунот и алкохолот ќе биде зголемени, а даночните олеснувања се укинуваат. Покрај тоа, планирани се дополнителни оданочувања за богатите. Дел од најголемите заработувачи веќе и самите се заложија за тоа. Во глобала, Французите делуваат подготвени за новиот курс на штедење.

Граѓаните ги поддржуваат владините мерки:

„Добро е што ќе се намалува државниот долг. Се надеваме дека ќе се води сметка за социјалниот момент“.

„Сите нема да бидат задоволни, но тоа е неопходно за Франција да излезе на вистинскиот пат“.

Првите мерки за штедење треба да бидат усвоени уште на 6. септември, што е можно побрзо, за да се спаси репутацијата на нацијата.

 

Прилогот на оваа тема, можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Карин Калис / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми