1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Влез во објекти само со две дози вакцина против ковид

ДТЗ
15 ноември 2021

Комисијата за заразни болести неделава повторно ќе ја разгледува можност за проширување на рестриктивните мерки против Ковид-19.

Digital Green Certificate
Влегувањето во затворени објекти без ковид-сертификат во Северна Македонија од понеделникот веќе не е можноФотографија: Alain Rouland/EP

Од денеска граѓаните за влез во објекти ќе мора да приложат сертификат/потврда за имунизација од вирусот Ковид-19, односно за примени две дози на вакцината или, пак, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. 

„Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, порача изутринава министерот за здравство, Венко Филипче.  

Ваквата одлука ја донесе Владата на 26 октомври.  Комисијата за заразни болести во текот на неделава повторно ќе ја разгледува можноста за проширување на рестриктивните мерки против Ковид-19. Министерот Филипче како една од опциите го спомена и проширувањето на критериумот за влез и за други места и настани. 

Со една доза вакцинирани се 58 отсто од полнолетните граѓани во земјата, а 47 отсто се ревакцинирани. Ако се земат предвид и малолетните граѓани, тогаш 38 отсто од целокупната популација во државата е ревакцинирана. Во текот на викендот, според податоците од Министерството за здравство, аплицирани се 4.684 вакцини. Од нив 1.133 биле користени како прва доза, 916 за ревакцина, а 2.635 биле дадени како трета доза. Трета доза досега примиле 54.170 граѓани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми