1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови правила за рачниот багаж во земјите на ЕУ

6 ноември 2006

Денеска на аеродормот Цавентем во Брисел долги опашки патници кои чекаа на преглед на рачниот багаж. Од денеска имено во земјите на Европската унија важат новите правила и очигледно многумина патници не го знаеја тоа. За да не се случува тоа и натаму, Бернд Ригерт објаснува што се’ смее да се најде во рачниот багаж на аеродромите низ Европа:

Од денеска заострени конторли на рачниот багаж во земјите на ЕУ
Од денеска заострени конторли на рачниот багаж во земјите на ЕУФотографија: AP

Кармини, дезодоранси, кремови за сонце, вода и сендвичи, како и други течности или кремасти делови од багажот во иднина смета да се најдат само во пакувања од 100 мили-литри. Тие мораат да бидат сместени во проѕирни пластични кесиња, а течностите до еден литар морат да можат да се отворат и да се затворат. Не се засегнати лековите и храна за бебиња. Стока од фри-шоповите смее да се понесе во авионот, ако е спакувана во запечатени пластични шишиња заедно со приложување сметка. Шишињата смеат да се отворат дури по пристигнувањето на целта.

Посебно збунувачко може да биде новото правило за транзитните патници што доаѓаат во земјите на Унијата од Азија, Јужна Америка или Африка за да продолжат до друга цел во Европската унија. За летање во рамките на Унијата овие правила не важат, но секако важат за продолжување на летот по стигнувањето. Евентуално ќе треба да се распакуваат на аеродромот. На местата за проверка се обезбедени бесплатни пластични шишиња. Оние што патуваат за САД сега и во Велика Британија според новите правила, смеат во рачниот багаж да носат течности. За транспорт на пијалаци или козметика од фри-шоповите во САД сепак важат други правила од оние за земјите на Европската унија, затоа е потребно да се побараат информации кај својата авио - компанија.

Новите, построги правила за летовите од и во рамките на Европската унија станаа неопходни откако британската полиција во август предупреди терористички напади врз авиони. Терористите имале намера да подготват бомби со течни компоненти смесетни во рачниот багаж за време на летовите кон САД. ЕУ и САД сега се ангажираат на меѓународен план ваквите правила за рачниот багаж да важат во целиот свет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми