1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови преговори за името меѓу Грција и Македонија?

22 октомври 2007

*

Меѓународниот посредник во спорот за името на Македонија,Метју Нимиц,денеска се очекува да објави нов круг преговори.На нив најверојатно ќе го претстави новиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Атина,објавуваат денеска грчките весници.

На преговорите ќе бидат разгледани имиња, како на пример Република Нова Македонија,објавува Елефтерос типос,прецизирајќи дека средбата на двете страни ќе биде одржана на први ноември.

Весниците објавуваат и анкета, во која повеќе од половината граѓани бараат Грција да стави вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ,ако Скопје останува на ставот да го зачува уставното име на земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми