Нови преговори за името меѓу Грција и Македонија?
22 октомври 2007Реклама
Меѓународниот посредник во спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, според пишувањето на грчките весници, се очекува денеска да објави нов круг преговори меѓу Македонија и Грција. На нив најверојатно ќе претстави и нов предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Атина. На преговорите ќе бидат разгледани имиња, како на пример Република Нова Македонија, објавува Елефтерос типос, прецизирајќи дека средбата ќе биде одржана на први ноември.
Весниците објавуваат и анкета, во која повеќе од половина граѓани бараат Грција да стави вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, ако таа останува на ставот да го зачува уставното име.