Грција денеска повторно ја отвора гастрономијата. Во рамките на рестартирањето на туризмот по карантинот поради коронавирусот, сите патници од грчкото копно од денеска можат да патуваат на островите со траект или авион.
Реклама
Во Грција денеска повторно започнаа со работа редовните траекти до островите во Егејското и во Јонското море, како и рестораните и баровите кои се, исто така, повторно отворени во согласност со забрзаните напори земјата да ја спаси туристичката сезона.
Посетите на островите главно беа забранети од почетокот на карантинот на крајот на март, а пристап имаа само добавувачите на стока и жителите. Ниската стапка на инфекции во земјата за време на пандемијата со коронавирусот ја наведе владата да ја започне туристичката сезона порано отколку што се очекуваше, на 15 јуни, бидејќи другите медитерански земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Турција, сѐ уште се соочуваат со епидемија.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Прописите за одржување растојание и ограничување на бројот на патници и на гости се воведени на траектите и во рестораните, додека на островите се зголемува обемот на здравствените центри за борба против нови случаи со коронавирусот, а простор за интензивна нега е обезбеден на пет острови: Лезбос, Самос, Родос, Закинтос и на Крв, заедно со веќе постоечките објекти на островот Крит.
Грчките власти во изминатите денови порачаа дека Грција нема да можат да посетуваат странски туристи од земји со голем број случаи заразени со коронавирусот. Помошникот министер за внатрешни работи, Никос Хардалјас во минатата недела во врска грчкиот план за рестартирање на туризмот, истакна 4 точки: од 25 мај ќе биде дозволено едрење, на 1 јуни ќе бидат отворени камповите, како и хотелите кои работат сите 12 месеци, на 15 јуни ќе се отворат останатите објекти за сместување и меѓународниот аеродром во Атина, а на 1 јули ќе се отворат сите останати аеродроми во Грција.
Како уметниците работат со корона-маските
Носењето заштитни маски во време на пандемија стана вообичаена слика на улиците ширум светот. Уметниците се обидуваат да внесат различност и нудат поинакви модели на ист производ. Еве неколку примери.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Yan
Графити-маски
Меѓународната стритарт-сцена одамна ги откри белите заштитни маски како декоративен елемент. На фотографијата 16-годишниот стритарт-уметник С.Ф. со спреј работи на слика од голем формат на една тераса на покрив во Атина. Вакви мотиви се појавуваат во многу градови во Европа.
Фотографија: picture-alliance/ANE
Моден детал
И дизајнерите во меѓувреме посветено работат со новиот моден детал. Не сите нивни креации се во согласност со стандардите на СЗО. На неделата на модата во Њујорк, во февруари 2020 година, значи уште пред избивањето на епидемијата на корона во цел свет, оваа манекенка презентираше декоративна маска од нежен штоф, која во никој случај не претставува заштита од зараза.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Маски на модна писта
Дали овој модел од една американска модна куќа е соодветен за секојдневието? Во секој случај, додека се носеше на неделата на модата во Њујорк, таа делуваше повеќе како накит. Но, носење маска од штоф е се’ уште подобро од неносење никаква маска. Луѓето кои сакаат мода сега се обидуваат здодевните бели маски да ги направат индивидуални и декоративни.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Дизајнерски маски
Некои дизајнери ги открија маските како нов бизнис-модел за браншата која е падната на колена поради пандемијата. Млади, непознати, но и реномирани дизајнери во моментов создаваат и шијат маски полни со фантазија. Заштитните маски веројатно во музеј ќе завршат како Корона-мода од годината 2020-та.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Да одговара на вратоврската
Мажите кои сакаат да се облечени стилски и далеку од актуелните модни трендови, и во корона-време настојуваат да прикажат едноставна елеганција. Една берлинска мануфактура за вратоврски нуди и маски кои одговараат на „пеперутката“. Некои од моделите се веќе распродадени.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Koall
Традиционални маски
Секоја германска покраина имаше различни правила за носење маски, а од 27 април маските се задолжителни во цела земја. Локални здруженија, кои ја имаат традицијата во фокус, ги користат маските и за регионална порака: „Домот е таму, каде што сум јас.“ Бо Баварија, се разбира, маските се карирани и во сино-бела боја - со мотив од кралот Лудвиг за мажите и на принцезата Сиси за дамите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hörhager
Еколошки маски
Кој смета дека модните детали се непотребна потрошувачка, може да посегне и по природни материјали. И, да направи маска сам. Важно е само да се покриени устата и носот. Еве како оваа девојка од Појасот Газа ја направила својата маска.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Abed
Уметност во доба на корона
Маските се одамна пристни и во делата на сликарите и скулпторите. Ги има насекаде - на слики, постери, скулптури... Полскиот скулптор Игор Миторај и’ стави заштитна маска на својата голема скулптура поставена на плоштад во Краков.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/B. Zawrzel
8 фотографии1 | 8
Помошникот министер укажа дека во Грција нема да можат да влезат „патници од земјите со големо епидемиолошко оптоварување со коронавирусот“ и оти листата на овие земји наскоро ќе биде објавена, пренесува интернет сајтот in.gr. На новинарските прашања во врска со оваа одлука, Никос Хардалјас нагласи „Никогаш не рековме дека на 1 јули ќе ги отвориме границите за сите“. „Ќе овозможиме туристички посети во Грција, но примарна цел е да го зачувуваме јавното здравје“, рече тој.
Туризмот е витален дел од грчката економија и од него има широки секундарни добивки. Минатата година Грција ја посетија над 34 милиони туристи, кои потрошија 18,2 милијарди евра, покажуваат статистичките податоци.