1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новото шоу на Флајинг Степс

Т.Бетхолд/Б. Георгиевски24 мај 2014

Брејкендс е форма на танц која потекнува од хип-хоп културата и најчесто се игра на улица. Берлинската група „Флајинг степс“ го издигна танцот на поголема сцена.

Фотографија: picture-alliance/dpa

На нивната турнеја „Флајинг Бах“ тие играат брејкденс со класична музика и со тоа постигнуваат успеси во последните три години низ светот. Од неодамна групата е на нова турнеја. И овојпат тие го комбинираат брејкденсот со елементи, кои на прв поглед, немаат ништо заедничко со хип-хоп.

Почеток на турнејата во Берлин. Групата Флајинг степс го покажува своето ново шоу пред две илјади гледачи. Посебното во него е што танчерите го спојуваат брејкденсот со оптички ефекти и илузии. На таква идеја дојде уметничкиот раководител Вартан Басил:

„Забележав дека луѓето се фасцинираа од брејкденсот и прашуваа: како е можно некој толку долго да се врти на глава, да скока од една оска на друга, на една рака и на тој начин да се зацврсти во една чудна позиција. Така ми се роди желбата тоа да се направи со повеќе луѓе, луѓето да се појавуваат и да исчезнуваат од едно место на друго, но да продолжат со движењата“.

Режисерот Кристоф ХагелФотографија: dpa

Кога тоа не го дозволуваат можностите на танчерите, во шоуто „Летечки илузии“ помагаат и оптичките илузии. Флајинг степс затоа ангажираа и магионичар. Брејкденс и магија: комбинација која добро се надополнува.

„Морате да си претставите дека се работи за танчери кои никогаш не работеле со илузии. Но тие знаат како се развиваат и изведуваат добри танчерски потезии и знаат како се тренира и дека за тоа понекогаш е потребно подолго време за да се постигне саканиот ефект. Тоа е една паралела која постои во магијата. Значи не е само едноставно да се отпакува и да се почне со игра“, вели илузионистот Флоријан Цимер.

Необични продукции

Необични продукции, тоа ги карактеризира Флајинг степс веќе со години. Во 2010. започнаа да танцуваат брејкденс на класична музика. Нивното шоу Летечкиот Бах беше светски успех. Повеќе од 200 илјади гледачи го видоа досега. Дел од танчерите се‘ уште кружат со него низ светот. Во меѓувреме, групата која беше формирана пред повеќе од 20 години во еден младински центар во Берлин, има освоено безброј награди. Меѓу нив и Ехо - една од најважните германски музички награди, како и светската титула во брејкденс.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Новото шоу „Летечки илузии“ треба да го надгради овој успех. Особено екстравагантна беше продукцијата на светската премиера во Берлин. Во следните месеци ќе следуваат натамошни настапи во седум германски градови. Цели пет месеци 11-те танчери тренираа за големиот настап.

Фотографија: R. Demski

Предизвикот за нив е брејкденсот како уметничка форма да го етаблираат пред поширока публика. Бени Кимото, кој веќе 18 години е танчер во Flying Steps објаснува:

„Нашата група долги години се бори за да биде прифатена од поширокото општество. Секогаш не следеше тој хип-хоп имиџ и по малку лошиот уличен имиџ. Но ние сакаме да покажеме дека сме вистински уметници, кои навистина многу напорно работат“.

Оттука, тие не сакаат да понудат само добро шоу, туку во исто време и да раскажат една приказна. Во неа се работи за вечната борба меѓу доброто и лошото. Концепт, кој очигледно добро минува.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми