Авион од типот Боинг 777 денеска принудно слета на аеродромот во Москва поради проблем со моторот. Пред неполна недела поради слични проблеми во САД принудно слета и авион на компанијата Јунајтед Ерлајнс.
Реклама
Според извештаите на новинските агенции, за време на карго летот од Хонгконг за Мадрид е откриена неисправност на сензорот за управување со моторот. Екипажот на авионот на компанијата „Росија“ одлучил леталото принудно да слета во Москва.
Интернет сајтовите за следење на авионски сообраќај потврдија дека станува збор за авион од типот Боинг 777.
Пред една недела авионот боинг 777-200 на компанијата Јунајтед Ерлајнс по полетувањето се врати на аеродромот во Денвер откако е забележан дефект на десниот мотор. Делови од леталото, притоа, падна на земја.
Американската сојузна служба за воздушен сообраќај (ФФА) издаде предупредување за авионите од типот Боинг 777.
Истоимениот американски производител на авиони соопшти дека со истрага се утврдени траги на „замор на металот“ на нивниот авион 777 и оти 128 авиони од тој тип треба да се суспендираат додека не се извршат сите потребни инспекции, а дека во моментот 69 авиони со мотори Прат Витни 4000 се во употреба, а 59 од нив се приземјени.
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Луѓето и во иднина ќе сакаат брзо да патуваат, без притоа да ѝ наштетуваат на животната средина. Научниците и фирмите работат на решение: електро-авиони.
Фотографија: Colourbox
Мал лесен, речиси без штетни емисии на гасови
Авионите кои користат електрична енергија од обновливи извори на енергија, не емитуваат ЦО2 и азотни оксиди, ни фина прашина. Во целина, електро-авионите треба да станат помали, полесни и поефикасни од авионите на керозински погон, на пример како Алфа електро од словенечката старт ап фирма Пипистрел, кој веќе го освои небото.
Фотографија: Pipistrel
Електричен „летечки автобус“
Авионите на електричен погон главно треба да бидат ангажирани во регионалниот сообраќај. Израелската старт ап фирма Евиацион планира револуционирање на меѓуградскиот превоз со својот авион со 9 седишта. Прототипот Алис може да развие брзина од 100 км/час, а во 2019. година би требало да го има својот прв пробен лет.
Фотографија: Eviation
Летечко такси
Летечкото такси на германското претпријатие Лилиум веќе го имаше својот промотивен лет. Тоа стартуваше во април 2017. година и тоа - вертикално. Опремено е со пет седишта и е целосно на електричен погон, достигнува до 300 километри, од Лондон до Париз стигнува за еден час. Авионското такси некогаш треба да може да се порача преку апликација и да не чини повеќе од нормално такси-возење.
Фотографија: Lilium
Мешавина - класичен и електричен
Одделни авионски производители напротив се концентрираат на хибриди. Ербас, Ролс Ројс и Сименс заеднички развиваат прототип на комерцијален авион, т.н. e-Fan X, опремен со три гасни турбини и електромотор. Во перспектива уште една гасна турбина треба да биде заменета со електромотор. Првиот прототип треба да полета во 2020. година.
Фотографија: Airbus
Еколошко патување на одмор
Нискобуџетната авиокомпанија Изиџет сака исто така да овозможи еколошко патување. Во септември 2017. година британската фирма објави соработка на овој план со американскиот старт ап Рајт електрик. Целта е создавање целосно електричен авион кој би превезувал до 150 патници. Кога ќе биде готов резултатот, не е познато.
Фотографија: Wright Electric
Електрична иднина
Според експертите, со првите електро-авиони би можеле да летаме за 20 години. Досегашните прототипови имаат досег од 250 до 1.000 километри. Но, технологијата брзо напредува, што е добра вест за еколошки свесните патници.