1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ново распламтен спор околу границата меѓу Македонија и Косово“

28 април 2006

Граничниот спор се заканува да ги помати добрите односи меѓу Македонија и Косово. Пишува во денешното издание „Ноје Цирхер Цајтунг“. Весникот се навраќа на неодамнешната изјава на косовскиот премиер Агим Чеку според која Македонија би морала конечно да сфати дека нејзин нов сосед е Косово, но ја пренесува и реакцијата на македонскиот премиер Владо Бучковски, кој изјавата на Чеку ја оцении како „несреќн

�“. Прашање на престиж, нејасни мотиви и политика на наутралност се поднасловите во коментарот во „Ноје Цирхер Цајтунг“

„Во спорот пред се станува збор за неколку стотици хектари пасишта на северната граница на Македонија. Приштина е на мислење, дека овој дел преку граничниот договор неправедно и е доделен на македонската страна и се противи да подаде рака при демаркацијата на текот на граниоцата. Зад територијалното барање се крие прашање на престиж. Без збор биле подготвени за пријателско решение, се вели во Приштина / но дури откако Косово ќе добиело независност од Србија и Црна Гора и би можел да склучува договори како стопан во сопствената куќа. Скопје има недоверба кон оваа аргументација и безусловно сака да ја споведе демаркацијата пред крајот на преговорите меѓу Приштина и Белград за статусот. На македонска страна постои надеж за поголема подготвеност за отстапки од Приштина се додека не е решен статусот на Косово.

Спорната област е позната поради патиштата за криумчарење. Исто така во пролетта 2001 година на тоа место се појавија албански герилци, на кои со поддршка од Косово им успеа да го прошират полето на нивното влијание врз поголемиот дел одподрачјата во Македонија населени со Албанци. Герилците имаа поддршка покрај друготот и од членовите на Косовскиот заштитен корпус, чиј командант беше Агим Чеку, пред пролетва да стане премиер на Косово. Дотолку е зачудувачки што Чеку во овој момент додава масло во огнот. Со голем број гестови во последно време се презентираше како претставник на толерантно, мултиетничко Косово. По повод православниот Велигден на Србите на Косово им го честиташе празникот и замоли да го посети манастирот во Грачаница. Владиката Артемие го одби ова. Се додека не биде обновена неговото сседиште во Призрен изгорена 2004 година нема да го прими високиот гостин. Заедно со шефот на мисијата на ОН за Косово Сорен Јесен Петерсерн, на брегот на реката Ибар, Чеку положи камен темелник за обновата на Ромското маало. Повеќе илјади Роми во летото 1999 година беа протерани од Албанците. Куќите беа срамнети со земја.

Коментаторите во Приштина нагласуваат, дека е во интерес на Косово, да ги оддржува добрите односи со Скопје. Пред неколку години Скопје се откажа од пружањето отпор против независноста на Косово и наместо тоа води прагматична политика на неутралност. Секое решение од преговорите би било добредојдедно, се додека не се загрозува државниот интегритет на Македонија. Неутралниот став има внатрешно – политичка предност да не се поделат Македонците и Албаницте со нивните различни ставови за Косово. Надворешно политички не се нарушуваат односите ниту со Приштина ни со Белград, два политички и економски важни соседи. Поради ситуација околу граничниот спор во Скопје стануваат се погласни барањата за меѓународно посредство.“ пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми