1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел: „Редуцирајте ги контактите“

СН/агенции
24 октомври 2020

Германија секој ден бележи нови рекорди на заразени од коронавирусот. Канцеларката Ангела Меркел, затоа, во ново обраќање по само една недела, уште еднаш ги повика граѓаните што поретко да се среќаваат со други луѓе.

Video-Podcast zur Coronakrise von Angela Merkel
Фотографија: 2020 Presse- und Informationsamt der Bundesregierung

Во борбата против пандемијата на коронвирусот, канцеларката Ангела Меркел уште еднаш ги повика сите граѓани во Германија да ги намалат контактите. „Денес, она што го реков минатата недела важи уште поитно и од збор до збор“, рече Меркел во својот нов видео-подкаст. Канцеларката потенцираше дека најважната заповед во моментов е „редуцирање на контактите“.

Пред една недела, Меркел со драматичен апел да ги замоли граѓаните да помогнат во справувањето со Ковид-19. Видео пораката генерираше многу реакции. „Една недела подоцна, состојбата со пандемијата се влоши уште повеќе“,  посочи денеска Меркел. „За мене, она што ти го кажав минатата недела сè уште важи од збор до збор (...) И така, сега повторно следи подкастот од минатата сабота“, рече канцеларката.

Повторно пуштен минатонеделниот апел

Тогаш беше пуштено нејзиното обраќање од претходната сабота. Во него, Меркел повика на значително намалување на контактите надвор од сопственото семејство и побара Германците да се воздржат од патувања и од прослави кои „не се навистина потребни“.

Повеќе:

-Коронавирус: На Германија и претстои долга, тешка зима

-Драматичен апел на Меркел: „Ве молам, останете дома“

-Ангела Меркел во короната гледа „предизвик на векот“

Со овој необичен чекор, канцеларката сакаше да потенцира колку е сериозна моменталната состојба со  пандемијата, рече портпарол на германската влада.

Повеќе од 10.000 смртни случаи

Бројот на починати од Ковид-19 во Германија во меѓувреме ја надмина и симболичката граница од 10.000. Како што објави Институтот Роберт Кох (РКИ), досега се регистрирани вкупно 10.003 смртни случаи. Ова се 49 смртни случаи повеќе отколку претходниот ден.

Во исто време, продолжува високиот бран на дневни нови инфекции со коронавирусот. Според РКИ, нивниот број се зголемил за 14.714 во споредба со претходниот ден и тоа е нов рекорд. Сепак, овој број вклучува инфекции кои не биле регистрирани во претходниот ден поради техничка грешка при пренесувањето на податоците. Во четвртокот и петокот, РКИ пријави  повеќе од 11.000 нови случаи дневно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми