1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов глагол во шведскиот јазик во чест на Златан Ибрахимовиќ

СН/ЖА/дв/дпа/сид30 декември 2012

Златан Ибрахимовиќ ги освои своите шведски сонародници со својата игра до таа мерка што во негова чест во новиот шведски речник го внесоа и поимот „zlatanera“. Да се „златанира“ значи „силно да се доминира“.

Фотографија: AFP/Getty Images

Последниве денови Златан Ибрахимовиќ постојано е на страниците на европските спортски изданија. Од една страна поради својот „вонземен“ фудбал со кој на својот клуб Париз Сен Жермен му ја донесе титулата есенски првак во француската лига, а од друга страна поради својот придонес во збогатувањето на шведскиот јазик. На културните страници на шведските весници Златан Ибрахимовиќ го донесе и одлуката на Шведската академија за јазик.

Сеприсутно „златанирање“

Меѓу новите 40-тина зборови кои се вклучени во новото издание на шведскиот речник се најде и глаголот „zlatanera“. Овој неологизам се објаснува како „силно доминирање“ врз некој или нешто. Швеѓаните така на својот сонародник му оддадоа почит за придонесот во шведскиот фудбал. Играчот на шведската репрезентација со хрватско- бошњачко потекло во последно време постојано докажува дека „златанира“ на фудбалскиот терен.

По трите гола во пријателскиот меч против Англија од кои еден, кој е изведен од над 30 метри одалеченост и тоа со „ножички“, некои медиуми побараа тој да биде вклучен во светското културно наследство. 31-годишниот Ибрахимовиќ и својот сегашен клуб Париз Сен Жермен го донесе до неслужбеното титула есенски првак на Франција. Навивачите на традиционалниот париски клуб благодарејќи на „златанирањето“ и постигнатите 18 гола во првиот дел на првенството во меѓувреме сонуваат и за титулата првак. „Златан го одведе Париз Сен Жермен во друга димензија“ рече поранешниот тренер на парискиот клуб Луис Фернандез во разговорот со весникот „Ле Паризиен“.

Фотографија: Witters Sport-Presse-Fotos GmbH

И на музичките топ- листи

Златан е инаку тема број еден во француските медиуми. И тоа не само во спортските. И додека во својата татковина Шведска е внесен во лингвистичката литература, во Франција на голема врата влезе во музичкиот свет. Ди Џеј-от, рапер и комичар Ал Паш сними песна и видео спот кои не се симнуваат од музичките програми во Франција. Песната се вика „Моето име е Златан“, а текстот во духот на новиот глагол „златанира“ порачува: „Сила, тоа е Златан, моќ, тоа е Златан“. Единствената негативна работа во Златановата зимска бајка е закажаното излегување пред дисциплинската комисија на Француската лига. Тука Златан на 10. јануари треба да докаже дека ударот во глава на одбранбениот играч на Лион и негов „земјак“ Дејан Ловрен на натпреварот во средината на декември е случаен. Но можеби и овој чин на штета на хрватскиот фудбалер Ловрен е само уште еден доказ за „златанирањето“ на теренот.

Фотографија: picture-alliance/dpa
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми