1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Нов напад со нож врз минувачи во германски град

СН/агенции
28 јуни 2021

Напаѓач имитатор или некоја друга заднина. Неколку дена по смртоносниот напад со нож врз минувачи во Вирцбург, сличен напад се случи и во Ерфурт. Причините не се познати, а осомничениот е во бегство.

Symbolbild Erfurt Polizei
Фотографија: Martin Schutt/dpa/picture alliance

Непознат сторител во источногерманскиот град Ерфурт утрината со нож нападнал двајца минувачи, а полицијата сѐ уште трага по сторителот.

Според наводите на полицијата, во моментов по сторителот се трага со полициски хеликоптери. Тежината на повредите кој ја претрпеле минувачите, на возраст од 45 и 68 години, не е позната, како ни мотивот за нападот.

Полицијата објави дека трага по сторителот кој е на возраст „меѓу 20 и 30 години, и има светла до црвенкаста кадрава коса“.

Фотографија: Karl-Josef Hildenbrand/dpa/picture alliance

Во петокот во јужногерманскиот град Вирцбург еден Сомалиец усмрти три и повреди 6 лица. За овој напад постојат сомнежи дека е исламистички мотивиран.

Повеќе:

-Цела Германија тагува по нападот во Вирцбург

-Тројца убиени во напад со нож во Вирцбург

Сепак на прашањето дали осомничениот, освен како ментално болен, може да биде квалификуван и како терорист, сѐ уште не може да се даде дефинитивен одговор,  изјави утрината министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија Јоахим Херман. Истрагата сѐ уште е во тек. 

Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоахим ХерманФотографија: Christof Stache/AFP

Истрагата фокусирана на мобилните телефони

Министерот додаде дека сè уште е нејасно дали типичните исламистички извици од страна на сторителот за време на злосторството се „релевантни“. „Денеска не можеме да дадеме конечна пресуда за ова“, рече Херман.

Според Херман, анализата на два мобилни телефони кои биле одземени од засолништето за бездомници на 24-годишниот Сомалиец се од централно значење за реконструкција на злосторството. Тие во моментов се порверуваат од страна на истражителите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми