1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов предлог до Иран

11 ноември 2005

Според еден извештај на весникот „Њујорк тајмс„, САД и Европската унија имаат намера на Иран да му предложат нова основа за преговори околу неговата спорна атомска програма.

Нафтата како основа за атомски закани
Нафтата како основа за атомски заканиФотографија: dpa

Договорот е постигнат меѓу шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс и шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи при неговата посета на Вашингтон во минатиот вторник. Според тој договор, на Иран ќе му биде обезбедно правото да врши ограничена атомска програма, а ураниумот да го збогатува во Русија. Постоењето на овој компромисен предлог е потврдено и во седиштето на агенцијата во Виена.

Според извештајот на „Њујорк тајмс„ за кој се уште нема официјална потврда од американската влада, Ел Барадеи на Иран ќе му го проследи следниов предлог: Техеран смее и натаму да го претвора ураниумот во гасна форма што е предфаза во процесот на неговото збогатување. Меѓутоа, конечниот процес на збогатување би се одвивал во Русија и ќе биде подложен на меѓународна контрола. Оваа позиција што е заедничка на САД и трите европски преговарачки земји: Германија, Франција и Велика Британија, меѓународната агенција за атомска енергија ќе ја обелодени на идната седница на 24 ноември.

Претставици на американската влада што сакаа да останат анонимни, за весникот овој предлог го истакнуваат како обид преговорите со Иран да се извлечат од сегашниот ќорсокак. Иран за себе го задржува правото да збогатува ураниум, како потписник на договорот за неширење на атомското оружје. До летото важеше доброволниот мораториум на кој Техеран веќе не се придржува по неуспехот на преговорите со европската тројка.

Инаку ураниумот во форма на гас се уште не соодветен како атомско гориво. Единствено може да се стави во центрифуга и да се користи како нуклеарно гориво за централи, но може да биде збогатен и користен за градење атомска бомба. Според новиот предлог на Иран му се остава правото збогатенмиот ураниум да го извезува, но тој би бил финализиран во Русија. Москва и сега е најважниот испорачувач на нуклеарна технологија за Техеран.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми