1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мнозинството Германци за задолжителна вакцинација

Сабине Кинкарц | СН/агенции
5 ноември 2021

Денеска повторно е пријавен рекорден број на ковид-случаи во Германија. Во некои делови од земјата болниците се веќе преполни. Многу граѓани сметаат дека воведувањето задолжителна вакцинација би било правилно.

Corona Impfstoff Moderna Biontech Pfizer
Фотографија: CHRISTOF STACHE AFP via Getty Images

Бројот на заразени во Германија повторно забрзано расте, коронавирусот се враќа на голема врата. Два дена по ред институтот Роберт Кох пријавува рекордни бројки на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вчера беа пријавени 33.949 а денеска 37.120.

Но и покрај ваквите бројки, само секој четврт Германец се плаши од можно заразување со вирусот. Ова се резултатите од актуелното испитување на јавното мислење кое редовно се спроведува по налог на Првата програма на германската телевизија (АРД). Репрезентативната анкета „Дојчланд тренд“ е спроведена неделава и во неа учествувале 1.329 лица кои имаат право на глас. Испитаниците на прашањата одговарале телефонски или електронски.

Германците повеќе се плашат дека невакцинираните деца би можеле да се заразат отколку што се грижат за можното сопствено заразување (57%). Уште повеќе граѓани (62%) се плашат оти постарите жители би можеле да се заразат. Сличен процент граѓани (57%) се загрижени поради можноста повторно со мерки да се ограничи јавниот живот. Еден отсто повеќе од нив се загрижени поради можно повторно оптоварување на здравствениот систем.

Процентот на вакцинирни во бавен раст

Во областите кои се особено погодени, болниците веќе предупредуваат на развој на ситуацијата. Во моментов се заразуваат двојно повеќе вакцинирани луѓе за разлика од порано, но на интензивна нега се наоѓаат главно невакцинирани лица.

Бидејќи во Германија бавно расте бројот на вакцинирани лица, има бројни поборници за задолжителна вакцинација за одредени професии. Примери за тоа се медицинските работници и професиите во негувателската област. Дури и поддршката за општа обврска за вакцинирање порасна од 46 на 57 насто.

Локдаун-лајт за невакцинираните

За луѓето кои не сакаат да се вакцинираат во Германија и онака е сѐ понепријатно. Саксонија е првата германска сојузна покраина која поради наглиот пораст на бројот на заразени на целата територија го воведе таканареченото „правило 2Г“ - само вакцинирина или оние кои го прележале вирусот имаат пристап на јавни настани, ресторани и клубови.

Прошетка во Русија и вакцинирање

02:17

This browser does not support the video element.

За поостри антипандемиски правила сега се изјаснуваат 29 отсто од испитаниците, а тоа е дури 16 насто повеќе во однос на октомвриската анкета. Речиси половината од испитаниците (46%) сметаат дека моменталните мерки се примерни. Тоа е пад од 44 отсто. Речиси секој четврт Германец кој учествувал во анкетата (23%) смета дека сегашните мерки се претерани, а такви одговори се помалку за два насто во однос на претходната анкета.

 

Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми