1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов рок за преговори за Косово

20 јуни 2007

*

Во спорот со Русија околу иднината на Косово,САД и европските држави подготвија нов план, со дополнителен преговарачки рок од четири месеци меѓу Србија и косовските Албанци.Ако и тие преговори останат без резултат,за српската покраина автоматски би стапила во сила спорната независност под надзор на меѓународната заедница ,според предлогот на Марти Ахтисари.

Ова во Њујорк го соопштија американски владини претставници и други западни дипломати во ОН. Со новиот потег се цели пред се на компромис од страна на Русија,која најави вето доколку во Советот биде поставена на гласање Резолуцијата за независност на Косово.

Дипломати во ОН велат дека договорот за иднината на Косово ќе падне веројатно при средбата на американскиот претседател Буш и рускиот, Путин,на 2 јули во САД.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми