1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов секс скандал во Католичката црква на Австрија

13 јули 2004
Богословското училиште во Санкт Пелтен
Богословското училиште во Санкт ПелтенФотографија: AP

Католичката црква во Австрија е потресена од нов секс скандал во едно богословско училиште. Правосудните органи поведоа истражна постапка откако беа откриени меѓу другото и фотографии на кои е прикажано сексуално општење на свештениците со учениците.

Според информациите на австрискиот магазин “Профил“ во училиштето во диоцезата Санкт Плетен, западно од Виена, откриени се и компјутерски дискети со 40.000 компромитирачки фотографии, како и видео филмови. Дел од филмовите потикнува од интернет и прикажува сексуална злоупотреба на малолетници. По поведената истражна постапка на австриските правосудни органи, оставки дадоа раководителот на богословското училиште, Улрих Кихл, како и неговиот заменик Волфганг Рете. И едниот и другиот можат да се видат на фотографии, како милуваат и бакнуваат ученици. Обајцата се блиски соработници на надлежниот бискуп, Курт Крен, кој е и основач на училиштето, а кој во изјавата за медиумите фотографиите ги оцени како “детски лудории“.

Во меѓувреме расте притисокот од политичарите, но и од останатите бискупи на Католичката црква во Австрија, многу козервативниот бискуп Крен да поднесе оставка. Австриската бискупска конференција објави дека оформила посебна комисија, која ќе се занимава со расветлувањето на целата афера. “Црквата нема да се крие“, порача бискупот на покраината Штајер, Егон Капелари, кој е и претесдатевач на Бискупската конференција. Целата афера предизвика вистински шок меѓу австриското население, кое е дури 70% од католичка вероисповед.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми