1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов спор меѓу Иран и ИАЕА

20 септември 2004

Во текот на викендов Иран одби резолуција на Меѓународната агенција за атомска програма, со која се бараше земјата да престане со програмата за збогатување на ураниум. Истовремено Иран најави и дека нема да дозволи повеќе ненајавени инспекции на атомските постројки од страна на Агенцијата доколку прашањето биде поставено пред Советот за безбедност на ОН.

Нуклеарни постројки во Иран
Нуклеарни постројки во ИранФотографија: AP

Иран се спротивставува на барањето на Меѓународната агенција за атомска програма, во земајта целосно да се прекине со програмата за збогатување на ураниум. Иранскиот посредник и претседател на Националниот совет за безбедност Хасан Ровани, вчера истакна дека станува збор за “војна” во која Иран може да победи но и да загуби. Истовремено тој ги обвини Европејците за измама. Сепак Ровани не ги затвори сите врати за соработка со атомските власти во Виена

“На Меѓународната агенција за атомска програма ќе и ги ставиме на располагање сите информации кои од нас ги бараше. Но што се однесува до прекинување на програмата за збогатување на ураиум, ние го имаме правото да одлучиме кога ќе престанеме и кога ќе продолжиме со неа.”

Ровани уште додаде дека Иран сега за сега ќе остане во оваа фаза: збогатување на урениум сеуште нема, но сите подготовки течат понатаму- кон ова припаѓаат производство на нови центрифуги како и планираната преработка на 37 тони ураниумова руда во гас. Ровани не даде никаков одговор на тоа дали во Иран навистина ќе се збогатува ураниум.

Меѓународната агенција за атомска енергија во саботата побара од Иран да престане не само со збогатувањето туку и со сите подготовки за тоа. Шефот на агенцијата Мохамед ел Барадеј изрази недеж дека Иран ќе го чуе апелот на меѓународната агенција потенцирајќи дека иранската нуклеарна програма не претставува непосредна закана но дека Иран полека стекнува способност за производство на материи кои би можеле да бидат користени за нуклерано оружје.

На 25 ноември ќе се изврши нова проверка на иранските постројки и доколку е потребно ќе се побара свикување на Советот за безбедност на ОН за да донесе санкции против Иран. Иран од своја страна се закани дека доколку се усвојат санкции, земјата ќе го следи примерот на Северна Кореја и целосно ќе го напушти договорот за забрана на атомско оружје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми