1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов тренд- фристајл фудбал

26 јуни 2008

Овој месец се’ се врти околку фудбалската топка. Поголемиот дел Европејци ги бодрат тимовите, другите пак се‘ повеќе почнуваат да и‘ се воодушевуваат на една друга уметност со топка - така наречен фристајл фудбал.

Новата вештина ги воодушевува младитеФотографија: picture-alliance/dpa

Се‘ започна пред две- три години. Вниманието на Денис, Ханес и Паскал, три момчиња од Берлин, го привлекоа рекламни спотови на интернет, телевизија и кино, на кои познатите светски фудбалери танцуваа со топката, на пример Роналдо или Роналдињо, кои ги покажуваа своите волшебни умешности со топката, ја тркалаат по главата и рамениците и на тој начин ги надмудруваат своите противници. Но за она што изгледа едноставно потребен е повеќегодишен тренинг, раскажува 11 годишниот Паскал:

„Во фристајлот има многу различни области, на пример Ејпер, тоа е играње со глава и рамења. Трикови може да се прават и со седење. Најтешки се така наречените еирмувс, кои ги прави Роналдињо.“

„Треба да се почне на возраст од 12 - 13 години, но треба да се биде и член на некој фудбалски клуб, за да се нучат некои основни технички карактеристики на фудбалот, за да се научи жонглирање на пример. И ако навистина имате терпение и го сакате тоа, може да се совлада и фристајл фудбалот“, вели Денис, кој заедно со неговите двајца другари Паскал и Ханес веќе успеаја да ја совладаат оваа вештина: со нивните видеа на интернет тие ги привлекоа младите и веќе имаат фенови кои ги канат да настапуваат на различни манифестации.

„ За време на Европското првенство ова е во тренд. Веќе имавме настапи по кои дававме автограми, се почувствував како еминентна личност, беше интересно, иако направивме само неколку трикови“ вели Ханес.

:

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми