1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Номинацијата на Ангела Меркел

31 мај 2005

Од прегледот на коментарите во германските дневни весници, чии наслови во голем дел се посветени на пропаднатиот француски референдум, ги издвојуваме пишувањата за кандидатурата на Ангела Меркел од Христијанско демократската унија за сојузен канцелар

„Остзе Цајтунг„ во денешниот коментар за именувањето на Ангекла Меркел за кандидат за сојузен канцелар пишува:

„ Беше тоа сосема нова Ангела Меркел. Таа вчера со задоволство ја прифати кандидатурата за канцелар. Истовремено покажа некои политички но и емоционални реакции. Првенствено рече, ќе работи во служба на државата. Индивидуалните реакции ќе ги замени со колективно дејствување. Ангела Меркел, која јасно ги одбегна политичките содржини, ја истакна намерата својот евентуален кацеларски мандат да го поврзе со духовно културна преобразба. Таа свати дека својата победа на изборите ќе ја загрози само доколку користи клишеа од социјалната политика„ пишува „ Остзе Цајтунг„

„ Зидојче Цајтунг„ забележува:

„ Нејзиното досегашно политичко дејствување ги поткрепува сомнежите дека ги одбегнува суштинските расправи, дека секогаш се позиционира зад параваните. Во земјата допрва треба да се види како кандидатката за канцелар ќе ги спроведе на дело своите најави за обнова на пазарната економија. Дали Ангела Меркел планира зголемување на данокот на промет? Претстои ли радикална реформа на даночниот систем? Ангела МЕркел може како политички анонимец да стане канцелар, но тоа не е доволно за да се владее со државата„ закључува „ Зидојче Цајтунг„

„ Вестдојче Цајтунг„ коментира:

„ Не случајно Едмунд Штојбер беше оној кој соопшти „ Хабемус Ангела Меркел„. Како силен маж на нејзина страна, тој попрво нејзе ќе ја ослаби. Но, кој знае? Може да се очекува дека таа, доколку победи на изборите, ќе го совлада и дисциплинира шефот на Христијанско-социјалната унија и ќе ги намали неговите надлежности на начин како што тоа го прави еден канцелар, во случајов канцеларка„ пишува „ Вестдојче Цајтунг„

„ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ подвлекува:

„ Уште Ангела Меркел не стана канцеларка. Сепак со триумфот во својата партија и Унијата прејде низ првата и не најниска пречка на патото кон канцеларовиот кабинет. Доколку Христијанско-социјалната Унија се држи до ветувањето на Едмунд Штојбер, ќе биде тешко да загуби на изборите, дури и ако не биде лесно до есента да се подигне расположението кон Унијата и нејзиниот кандидат. Госпоѓа Меркел меѓутоа, знае до што им треба на Германците. Сакам да и служам на Германија, рече таа вчера. Сегашната влада предизвикува впечаток дека нејзе и е до нешто сосема друго„ закључува во денешниот коментар „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми