Норвешка тагува по своите деца
24 јули 2011Мисата се одржа во катедралата во Осло, пред која се собраа стотици жители. Тие палеа свеќи и оставаа цвеќе за загинатите. „Собрани сме во знакот на тагата, но и надежта“, рече бискупот.
Премиерот Столтенберг, пак, чија Социјалдемократска партија беше цел на двојните напади од петокот, истакна дека лично познавал неколку од загинатите. Нивните имиња и фотографии ќе бидат објавени во наредните неколку дена. Столтенберг додаде дека е трагедија смртта на секој, кој загина во петокот.
Во меѓувреме норвешката полиција врши претрес на стан во источниот дел на Осло, поради сомневања за евентуална поврзаност со напаѓачот. Портпаролот на полицијата, Андерс Фриденберг, истакна дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали.
Автор: ТТ/ЖА/афп
Редактор: Жана Ацеска