Катастрофалниот пожар во Богородичната црква, меѓу другото, го отвора и прашањето за историската и културна вредност на катедралата во Париз.
Реклама
Франција, како впрочем и Италија и Германија, Шпанија и Англија, е земја на катедралите, земја на огромно уметнички и културни богатства од европскиот Среден век. Една од најзначајните француски средновековни знаменитости е токму Богородичната црква во Париз. Огромните штети предизвикани од катастрофалниот пожар во Нотр Дам се културна загуба од прв ред како за Франција, така и за целото човештво, со оглед дека станува збор за здание кое е дел од светското културно наследство. Повеќе за историјата на една од најимпозантните готски катедрали во следнава галерија:
Нотр Дам - историјата на една знаменитост
Пред неа секојдневно се создаваа редици. Богородичната црква во Париз важи за поомилена туристичка атракција од Ајфеловата кула. Сега голем пожар уништи делови од историското обележје на француската престолнина.
Фотографија: Getty Images/AFP/G. van der Hasselt
Зенит на готиката
Во 1163 година, парискиот бискуп Морис де Сули издал налог за изградба на катедрала. Локацијата во средиштето на Париз не е избрана случајно. Претходно, на истото место постоел римски храм. Изградбата се растегнала повеќе од два века и преживеала неколку грабежи. Прв бил изграден делот за црковниот хор. Во 1220 година била одржана првата богослужба.
Фотографија: picture-alliance
Катедрала на одлична позиција
За изградбата на катедралата беше специјално создадена нова улична мрежа. Бискупот Морис де Сули со градбата од светол варовнички камен на осторовот на реката Сена сакал да постави пример. 69 метри високите кули близначки, пак, биле направени од скапи материјали и требало да изгледаат драгоцено. За тоа биле собрани многу пари од парижаните како доброволен прилог.
Фотографија: picture-alliance/S. Gabriel
Поглед на Париз
Во наредната градежна фаза, изграден е главниот брод на црквата, чиј покрив сега беше зафатен од огнената стихија. Импозантни се двете рамни кули. Иако Нотр Дам е најпосетувано здание во француската престолнина, државата издвојува премалку пари за нејзино одржување. На многу места градежниот материјал се распаѓаше.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Foreix
Забот на времето
Најверојатно, поправките на покривот се причина за пожарот. Уште во минатата година, на 850-тиот роденден на Нотр Дам, се покажа дека сводовите се изедени од дождовите, ветриштата и загадувањето на воздухот. Страничните кулички мораа да бидат поткрепени. Проценетите трошоци за реновирање изнесуваа 100 милиони евра.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Böhmer
Виктор Иго ја направи прочуена
Катедралата е со должина од 128 метри и височина 33 метри. Францускиот писател Виктор Иго ја постави Нотр Дам во центарот на својот успешен роман објавен во 1831 година „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“. Уште во оваа книга, која раскажува за Квазимодо, ѕвонарот со телесен деформитет, и неговата љубов кон Циганката Есмералда, Иго се жали на состојбата во која се наоѓа зданието на црквата.
Фотографија: Patrick Kovarik/AFP/Getty Images
Нови ѕвона
За 850. роденден роденден, камбаните со кои Квазимодо ѕвони во романот, беа отстранети од камбанариите. Во леарница беа изработени девет нови ѕвона. На свеченото поставување на новите ѕвона, илјадници луѓе се собраа пред Богородичната црква.
Фотографија: AFP/Getty Images
Реновирање пред повеќе од 100 години
Во 19 век, катедралата беше реновирана од страна на Виолет ле Дук. Тој ја придодаде и т.н. галерија на Химери. Тоа е името на камените фантастични птици и митски суштества на аглите на оградата. Туристите може одвнатре и однадвор да им се восхитуваат и на прочуените розетни прозорци на катедралата.
Фотографија: picture-alliance
Раскошни прозорци
Внатре во катедралата ефектот на боите на розетните прозорци може подобро да се почувствува. Темно сината, но и темно црвената доминираат во спектарот на светлина. Сè во зградата се стреми нагоре - наследство на готиката. Но, дури и во подоцнежните епохи како ренесансата и барокот, црквата била доградувана и прилагодена на соодветното време. Но, готиката е доминантен стил во градбата.
Фотографија: picture-alliance
Нотр Дам во пламен
Катедралата е подложена на обемни реновирања, кога на 15. април на нејзиниот таван избувнува катастрофален пожар. Покривот и високата кула во средината на главниот главниот брод се уриваат во огнената стихија. Уште додека пожарот беснее низ историските ѕидови на катедралата, претседателот Емануел Макрон ветува: „Ние заеднички ќе ја обновиме Нотр Дам".