Од 12. век „старата дама на Париз“, како што милно ја нарекуваат Нотр Дам, стои во срцето на францускиот главен град. Катедралата, сега тешко оштетена од пожар, е централна сцена на историјата на Франција и на Европа.
Реклама
Катедралата на Нотр Дам - онаква каква што ја познава светот - со векови е место на значајни настани. Во 1558 година тука е прославена раскошна венчавка: 15-годишната Марија Стјуарт, кралица на Шкотска, се омажи за францускиот престолонаследник, Франсоа II.
Наполеон Бонапарта исто така ја користи Нотр Дам за помпезна церемонија. Тој тука во 1804 година самиот се круниса за цар на Французите - ја зема круната од рацете на папата и си ја стави на главата.
Во Нотр Дам е испишана историја
02:23
Црквата преживува безбројни војни и револуции. Нејзината главна камбана го навестува крајот на Втората светска војна.
Во последниве децении Нотр Дам е сцена на важни погребни церемонии и комеморации.
Во 1970 година, се одржува реквием за покојниот генерал Шарл де Гол - гледачи од целиот свет на 500 милиони телевизори ја следат церемонијата.
Четири години подоцна, шефовите на држави и претставници на кралските семејства дојдоа да се простат од претседателот Жорж Помпиду.
Нотр Дам - историјата на една знаменитост
Пред неа секојдневно се создаваа редици. Богородичната црква во Париз важи за поомилена туристичка атракција од Ајфеловата кула. Сега голем пожар уништи делови од историското обележје на француската престолнина.
Фотографија: Getty Images/AFP/G. van der Hasselt
Зенит на готиката
Во 1163 година, парискиот бискуп Морис де Сули издал налог за изградба на катедрала. Локацијата во средиштето на Париз не е избрана случајно. Претходно, на истото место постоел римски храм. Изградбата се растегнала повеќе од два века и преживеала неколку грабежи. Прв бил изграден делот за црковниот хор. Во 1220 година била одржана првата богослужба.
Фотографија: picture-alliance
Катедрала на одлична позиција
За изградбата на катедралата беше специјално создадена нова улична мрежа. Бискупот Морис де Сули со градбата од светол варовнички камен на осторовот на реката Сена сакал да постави пример. 69 метри високите кули близначки, пак, биле направени од скапи материјали и требало да изгледаат драгоцено. За тоа биле собрани многу пари од парижаните како доброволен прилог.
Фотографија: picture-alliance/S. Gabriel
Поглед на Париз
Во наредната градежна фаза, изграден е главниот брод на црквата, чиј покрив сега беше зафатен од огнената стихија. Импозантни се двете рамни кули. Иако Нотр Дам е најпосетувано здание во француската престолнина, државата издвојува премалку пари за нејзино одржување. На многу места градежниот материјал се распаѓаше.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Foreix
Забот на времето
Најверојатно, поправките на покривот се причина за пожарот. Уште во минатата година, на 850-тиот роденден на Нотр Дам, се покажа дека сводовите се изедени од дождовите, ветриштата и загадувањето на воздухот. Страничните кулички мораа да бидат поткрепени. Проценетите трошоци за реновирање изнесуваа 100 милиони евра.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Böhmer
Виктор Иго ја направи прочуена
Катедралата е со должина од 128 метри и височина 33 метри. Францускиот писател Виктор Иго ја постави Нотр Дам во центарот на својот успешен роман објавен во 1831 година „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“. Уште во оваа книга, која раскажува за Квазимодо, ѕвонарот со телесен деформитет, и неговата љубов кон Циганката Есмералда, Иго се жали на состојбата во која се наоѓа зданието на црквата.
Фотографија: Patrick Kovarik/AFP/Getty Images
Нови ѕвона
За 850. роденден роденден, камбаните со кои Квазимодо ѕвони во романот, беа отстранети од камбанариите. Во леарница беа изработени девет нови ѕвона. На свеченото поставување на новите ѕвона, илјадници луѓе се собраа пред Богородичната црква.
Фотографија: AFP/Getty Images
Реновирање пред повеќе од 100 години
Во 19 век, катедралата беше реновирана од страна на Виолет ле Дук. Тој ја придодаде и т.н. галерија на Химери. Тоа е името на камените фантастични птици и митски суштества на аглите на оградата. Туристите може одвнатре и однадвор да им се восхитуваат и на прочуените розетни прозорци на катедралата.
Фотографија: picture-alliance
Раскошни прозорци
Внатре во катедралата ефектот на боите на розетните прозорци може подобро да се почувствува. Темно сината, но и темно црвената доминираат во спектарот на светлина. Сè во зградата се стреми нагоре - наследство на готиката. Но, дури и во подоцнежните епохи како ренесансата и барокот, црквата била доградувана и прилагодена на соодветното време. Но, готиката е доминантен стил во градбата.
Фотографија: picture-alliance
Нотр Дам во пламен
Катедралата е подложена на обемни реновирања, кога на 15. април на нејзиниот таван избувнува катастрофален пожар. Покривот и високата кула во средината на главниот главниот брод се уриваат во огнената стихија. Уште додека пожарот беснее низ историските ѕидови на катедралата, претседателот Емануел Макрон ветува: „Ние заеднички ќе ја обновиме Нотр Дам".
Фотографија: Getty Images/AFP/G. van der Hasselt
9 фотографии1 | 9
И комеморативната церемонија за францускиот претседател Франсоа Митеран во 1996 година се одржа во катедралата. Германскиот канцелар Хелмут Кол плачеше, плачеше за пријател.
Нотр Дам е во фокусот на вниманието на светската јавност во 2013 година: Париз ја прослави 850-годишнината од неговото обележје - катедралата добива девет нови џиновски ѕвона. За време на Француската револуција во 18 век речиси сите камбани биле стопени, а катедралата опустошена. Сега ѕвоната звучат како пред револуцијата.
Огнената катастрофа на Нотр Дам
03:01
This browser does not support the video element.
Камбаните на Нотр Дам - секогаш одново ѕвонат и во спомен на жртвите на напади. По терористичките напади во ноември 2015 година во Париз, ожалостените граѓани се собраа во долги редици пред црквата за да присуствуваат на богослужбата за жртвите.
И по нападот во Ница во 2016 година, Нотр Дам во Париз беше место на жалост и спомен за жртвите.