Нова студија покажува: околу третина на Плацебо испитаниците во студии за Ковид-19 се жалат на типични реакции на вакцината како главоболки и замор, иако примиле само физиолошки раствор..
Реклама
Плацебо-ефектот е фасцинантен за истражување. Тој на моќен начин ја демонстрира силата на човековата психа. Плацебо во буквален превод значи „ќе се допаднам”, но се мисли на тоа кога здравствената состојба на испитаници се подобрува, иако примиле апче без медицински состојки.
Хомеопатите го користат таквиот ефект бидејќи нивните лекови не содржат докажано лековити состојки.
Плацебо-ефектот постои и во обратна насока: т.н. Ноцебо-ефект. Поимот се базира на латинскиот збор „ноцере”, односно во буквален превод “ќе направам штета”. Притоа се мисли на случаите кога при наводен третман се појавуваат негативни реакции. Испитаниците на пример чувствуваат типични нуспојави на еден лек, иако воопшто не го примиле.
А, нештата некогаш се уште покомплицирани: кога пациенти реално добиваат лек, а попатно се појавува и некој плацебо или ноцебо ефект. Во одредени рамки тоа е нормална појава при секоја терапија бидејќи секој пациент има одредени очекувања. Ако смета пациентот дека ќе му се гади по примањето на одреден лек, тоа и многу почесто се случува. Секако е извонредно тешко таквиот ефект да се изрази во некоја мерна единица. Но, што е мерливо покажа тим научници од САД и Германија кои во студиите за Ковид-19 вакцини систематски бараа и најдоа примери за Ноцебо. Речиси секој трет испитаник кој воопшто не примил вакцина, се жалел на нуспојави типични за вакцината.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Метастудија за Ковид-19 Ноцебо
Јулија Хас и Сара Балу, експерти за Плацебо на Медицинската школа Харвард во Бостон, се поврзаа со Фридерике Бендер, психолог на универзитетот во Марбург и други лекари од САД и анализираа 12 студии за вакцините со вкупно 45.380 испитаници над 16 годишна возраст, од кои 22.578 добиле Плацебо. Главно “вакцината” содржела физиолошки раствор.
Сите студии биле завршени пред 14 јули 2021. Студии во кои контролните групи добиле други вакцини или некои додатоци на вакцините кои треба да го засилат нивното дејство, однапред биле селектирани. Резултатите се објавени во журналот на Американската лекарска асоцијација.
Многу нуспојави немаат никаква врска со самата вакцина
По првата доза 35,2 проценти од Плацебо контролните групи се жалеле на т.н.системски нуспојави, односно 19,3% на главоболки, а 16,7% на замор.
16% се жалеле на локални несистемски нуспојави, меѓу кои здрвена рака, отоци, болки или воспаление на местото на убодот. По втората Плацебо доза 31,8% се жалеле на системски и 11,8% на локални нуспојави. Во споредба со нив, испитаниците кои навистина примиле вакцина многу почесто се жалеле на системски нуспојави по првата доза, односно 46,3%, а 66,7% пријавиле локални нуспојави. По втората доза 61,4% се жалеле на системски, а 72,8% на локални нуспојави.
Колку Ноцебо-ефект имало кај вакцинираните?
Плацебо и Ноцебо ефектите се составен дел од секоја терапија, и тогаш кога пациенти добиваат вистински лекови. Со оглед на големиот број Ноцебо ефекти кај вакцините, научниците се прашувале колку е силен кај лицата кои имаат примено вакцина против Ковид-19 и дали може да се пресмета еден теориски удел на Ноцебо кај вакцинираните лица?
Бугарите и нивната недоверба кон вакцините
04:47
Да, тоа е можно, открија Хас, Балу и Бендер со нивните партнери и за таа цел го пресметаа уделот на Ноцебо кај невакцинираните и го пресликаа на вакцинираните лица.
Тоа доведе до восхитувачки резултати: имено дека дури и кај оние кои примиле вакцина Ноцебо ефектот доминира во пријавените нуспојави.
Кај системските нуспојави уделот на Ноцебо по првата доза бил 76%, а кај локалните 24,3%. По втората доза имало благ пад на 51,8, односно 16,2%.
Резултатите укажуваат на тоа дека очекувањата на кандидатите играат голема улига во перцепцијата на можните нуспојави. Но, погрешно би било да се заклучи дека нуспојавите најчесто само си ги вообразуваме. Плацебо и Ноцебо ефектот не предизвикуваат објективно мерливи симптоми. Симптомите тогаш главно се појавуваат заради нашиот психолошки став, а не од лековите. Ние како пациенти не сме свесни за тоа, но точно знаеме што чувствуваме.