1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСА го шпионирала францускиот државен врв

К.Барс, Џ. Гец/ндр/сн24 јуни 2015

Платформата Викиликс објави неколку нови документи од кои произлегува дека американската тајна служба НСА шпионирала тројца француски претседатели. Франсоа Оланд свика вонредна седница на Националниот совет за одбрана.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Американската тајна служба НСА очигледно целно го прислушувала францускиот државен врв. Тоа произлегува од новите документи , кои ги објави платформата Викиликс. Германскиот регионален јавен сервис НДР и весникот „Зиддојче цајтунг“ имале увид во документите објавени на Викиликс и можеле претходно да ги проверат.

Меѓу другото, во документите се наоѓа една белешка од 2012. година, од разговорот меѓу францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Жан Марк Ајро. Тие говореле за планираната средба со раководството на германската Социјалдемократска парија, која требало да се одржи во Париз ,на 18 мај. Според извештајот на НСА, кој е објавен на Викиликс, на средбата требало да се разговара за можното излегување на Грција од еврозоната и последиците од тоа.

Двајцата француски политичари притоа процениле дека овој состанок треба да се држи во тајност.

НСА извештаи за разговори на повеќе француски претседатели

Натаму во извештајот се вели дека Оланд се пожалил дека средбата што ја одржал со германската канцеларка Ангела Меркел во претходната недела не донесла ништо суштинско, туку била чисто шоу. По средбата со канцеларката, Оланд контактирал со лидерот на СПД, Зигмар Габриел и го поканил во Париз. Навистина, Габриел и други политичари во јуни отпатувале во Париз, меѓутоа средбата не се одржала во тајност. Другите, строго тајни документи на НСА, кои ги објави Викиликс, откриваат разговори на поранешните француски претседатели Никола Саркози и Жак Ширак.

Во документите, покрај тоа, е презентирана листа со француски броеви, кои би требало да потекнуваат од датотека на НСА и кои се опишани како „цели со висок приоритет“ . Станува збор за телефонски броеви, меѓу другото од канцеларијата на францускиот претседател и различни државни секретари и министерства.

Телефонските броеви очигледно се дел од многуте т.н. селектори (клучни поими за пребарување), со чија помош НСА пребарува низ глобалните текови на податоци. И на германската тајна служба (БНД) за своите станици за прислушување во Бад Ајблинг и‘ биле испорачани селектори од страна на НСА. Од овие станици БНД ја има под надзор меѓународната сателитска комуникација. Дали селекторите сега објавени од Викиликс биле користени и во Бад Ајблинг не е познато.

Од 2002 година НСА и‘ предава селектори на БНД. Тие се однесуваат на повеќе од 1,2 милиони лица и претпријатија. Меѓу целите за шпионирање веројатно биле и институции на ЕУ, европски политичари и претпријатија. БНД издвоила 40 илјади селектори за кои се верувало дека биле против германските и европските интереси. Листата со ваквите издвоени селктори се наоѓа под клуч во канцеларијата на германската канцеларка. Опозицијата и владата спорат со недели за тоа - кој смее да ја види оваа листа.

Фотографија: picture-alliance/dpa
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми