1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСУ- десет години прекршени ветувања

4 ноември 2021

На 4 ноември 2011 десно-екстремистичката терористичка група самата се разоткри. Канцеларката Ангела Меркел вети бескомпромисно расчистување. Но, за тоа до денеска недостасува политичка волја, смета Марсел Фирстенау.

Deutschland Verteidiger lehnen Zschäpe-Gutachter im NSU-Prozess ab
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Девет мажи со миграциско потекло и една полицајка беа убиени од нив. Многу други успеаја да ги преживеат бомбашките напади, но останаа длабоко ранети во своите души. Беате Чепе, единствената преживена членка на терористичката група Националсоцијалистичко подземје (НСУ), за овие недела во 2018 година беше осудена на доживотен затвор. Исправна пресуда, без дилема. 

Во процесот требаше да бидат обвинети повеќемина 

Со тоа, грозоморната убиствена серија сторена од 2000 до 2007 година беше правно затворена. Но и тоа недоволно. Имено, покрај главнообвинетата Чепе и четворица поддржувачи, многу други десни екстремисти требаше да седнат на обвинителната клупа во судот во Минхен. Но, државното обвинителство не сакаше да преземе таков чекор и покрај тоа што постоеја доволно индиции и назнаки за тоа. 
Чуму оваа претпазливост? Од страв дека на крајот нема да има доволно докази за осудителна пресуда? Или затоа што грчевито се држеа до тезата за триото на НСУ- Беате Чапе, Уве Бонхард и Уве Мундлос? Трио на една жена и двајца нејзини пријатели кои во 1998 година заедно отишле во подземјето, за кусо потоа слободно да убиваат низ државата и да си го живеат својот расизам. 

Марсел Фирстенау, автор на коментаротФотографија: DW

Скандалот со тајните документи 

Сето тоа било можно низ еден долг период затоа што тројцата имале поддржувачи и симпатизери низ цела Германија. Четворица од нив беа обвинет и осудени на долготрајни затворски казни. Самото тоа на гротескен начин ја негира теоријата за тројката на НСУ, на која се задржа обвинението.

Погледот на ова незадоволително поглавје на правдата во Германија и по десет години по откривањето на НСУ е неопходно. Затоа што потсетувањето на пропуштената шанса и бројните други пропусти покажува колку заостанува Германија во борбата против десниот екстремизам.

Еден пример за тоа од 2021 година: владејачките конзервативци (ЦДУ) и Зелените во покраината Хесен се спротивставија на барањето на опозицијата за отворање на тајните документи за НСУ. Тие остануваат заклучени во следните 30 години. А токму во оваа покраина имаше многу причини, преку транспарентност да се врати довербата во правната држава. 

Канцеларката Ангела Меркел им оддава почит на жртвите на НСУ во 2019 годинаФотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas

Ветувањата на Меркел останаа неисполнети 

Она што остана е горчливиот вкус дека зборовите на многумина многу ретко го наоѓаа патот до неопходните и исправни последици. Тоа важи и за германската канцеларка Ангела Меркел. За време на централната комеморација за жртвите на НСУ во 2012 во Берлин, Меркел порача: „Правиме се за расчистување на убиствата, откривање на помагачите и поддржувачите, со цел сите сторители да ја добијат заслужената казна“.
Овие ветувања беа искрено дадени, но се покажаа како неостварливи. Затоа што на многумина одговорни во политиката и во безбедносните служби им недостасуваше храброст и одлучност. Држава, во која и десет години по откривањето на НСУ и појавата на многу слични криминалци и натаму важните документи се држат под клуч, прави премалку во борбата против десниот екстремизам на клучното ниво.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми