1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Нуклеарните контролори засега остануваат во Иран

СН/агенции
22 февруари 2021

Меѓународната агенција за атомска енергија изнајде барем привремено решение со властите во Техеран. Инспекциите на иранските нуклеарни постројки продолжуваат, но не како порано.

Iran I International Atomic Energy Agency (IAEA)
Фотографија: Hadi Zand/WANA/REUTERS

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси, изјави по враќањето од Техеран дека со иранските власти е постигнато привремено, тримесечно решение за надзор на примената на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Меѓутоа, инспекциите на претставниците на ИАЕА ќе бидат ограничени почнувајќи од утре.„Пристапот ќе биде намален, но ќе можеме да одржиме посебен степен на надзор и верификација“, изјави Гроси за новинарите во Виена, каде што се наоѓа седиштето на ИАЕА, и додаде оти тоа засега ќе ја „спаси ситуацијата“.

Фотографија: STR/AFP/Getty Images

Иранскиот парламент го одреди 21 февруари како рок кога ќе ограничи некои инспекции на ИАЕА, на некои домашни нуклеарни постројки, вклучувајќи и воени локации во Иран.

Повеќе:

-Иран се откажува делумно од Нуклеарниот договор

-Европа најавува отпор против американските санкции кон Иран

-ЕУ сака да се бори за договорот со Иран

САД во 2018 година, со одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано го напуштија меѓународниот нуклеарен договор, со кој Иран се обврза да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.

Американските власти повторно воведоа санкции за Иран, додека Иран по истапувањето на САД започна да ги занемарува своите обврски од тој договор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми