1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нухиу бара владата да го разреши Чавков

ЖА
3 мај 2017

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу побарал разрешување на Митко Чавков од функцијата координатор на Oперативниот штаб и директор на Бирото за јавна безбедност. Горанчо Савевски е назначен за нов координатор на ОШ.

Mazedonien Verhaftungen
Фотографија: DW/F. Musliu

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешната прес-конференција соопшти дека поднел предлог за разрешување на Митко Чавков (на насловната архивска фотографија) од функцијата координатор на Оперативниот штаб и директор на Бирото за јавна безбедност. Одлуката следува по последните настани во четвртокот, 27. април, кога група насилници, делумно маскирани, упадна во македонскиот Парламент и беа физички нападнати повеќемина пратеници, службеници и новинари, а полицијата целосно потфрли.

Нухиу соопшти дека веќе го назначил државниот советник во МВР, Горанчо Савевски, за нов координатор на Оперативниот штаб.

„Формирав работна група составена од професионалци која има задача да утврди дали Оперативниот штаб постапувал согласно утврдените процедури пропишани во МВР, како и за направени пропусти и пречекорувања на овластувањата или неизвршување на задачите. Ги повикувам вработените во МВР да се вклучат активно и да достават службени материјали за настаните од минатиот четврток. Враќање назад нема, мора да се расчистат работите и секој ќе одговара за своите постапки. На МВР му се потребни професионалци кои ќе бидат столб на оваа институција“, рече Нухиу.

Тој им заблагодари на медиумите за професионалноста при извршувањето на задачите за време на настаните во Собранието и изрази надеж дека ќе останат професионални и во иднина.

Уште минатата недела министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, сооопшти дека Чавков не му бил достапен од ескалацијата на состојбите во Собранието сѐ до 20 часот, а не бил присутен ни таму каде што требало да биде - во Оперативниот штаб. Нухиу ги осуди настани во Собранието и обвини дека дел од структурите на МВР сѐ уште се под политичко влијание и дека не ја завршиле работата, за што ќе мора да сносат одговорност.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми