1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама најде добар управител

Миодраг Сориќ Превод А.Трајковска 6 декември 2014

Од новиот американски министер за одбрана Ештон Картер не се очекуваат нови импулси во трансатлантските односи. Негова задача ќе биде со сѐ помалку пари да постигнува многу, смета Миодраг Сориќ.

Фотографија: Alex Wong/Getty Images

Да се биде член на владата во Вашингтон - тоа потсеќа на судбината на прогонуваните христијани во Римскиот колосеум: „Никогаш не знаеш, кога ќе им бидеш фрлен на лавовите за јадење“, сметаше Ештон Картер пред неколку години. Кандидатот на Обама за министер за одбрана знае за што зборува. 60 годишниот Картер долго време се движи во политичкиот циркус во Вашингтон.

Актуелен пример за тоа колку брзо некој може да биде егзекутиран: Чак Хејгл, досегашниот шеф на Пентагон. Тој сѐ уште со неверување гледаше кога претседателот официјално се збогуваше со него, по неполни две години тој беше принуден на оставка. Пријателските поздравни зборoви пред медимите - лош политички театар. Благодарноста, како што е познато, не е категорија во политиката. Особено не во Вашингтон.

Демократите и републиканците се единствени

Ештон Картер, кој работел во Пентагон во период на различни влади, во наредните две години таму ќе извршува „добра работа“. По исклучок демократите и републиканците се единствени по ова прашање. Номинацијата на Картер мора да биде потврдена уште од Сенатот. Водечки републиканци веќе сигнализираа дека нема да му стават камења на патот. Тие најмногу ќе го искористат сослушувањето за да ја критикуваат политиката на претседателот. И тоа е дел од политичкиот циркус во Вашингтон.

Картер не беше првиот избор на претседателот. Но другите доволно рано му дадоа корпа. Една кандидатка сметаше дека е попривлечно да се ангажира за тимот на Хилари Клинтон отколку да стапи на служба во кабинетот на Обама. Клинтон наредните месеци најверојатно ќе ја објави својата кандидатура за претседателската функција. Исто така и еден друг кандидат за функцијата министер за одбрана брзо стави до знање дека не сака да ја преземе одговорноста. Така, сега Картер ќе ја добие работата.

Миодраг СориќФотографија: privat

Модернизацијата на Министерството за одбрана чека

Тој ќе биде добар управител, кој некако ќе мора да ги издржи кратењата на буџетот и истовремено да води војни преку океанот. Разположението меѓу генералите е лошо. Недостасуваат пари за нов систем за оружје. Трошоците за социјалните давачки во Пентагон експлодираат. Војниците кои не можат да ги обработат ужасите на војната, се враќаат болни во татковината. Не, на Картер не треба да му се завидува за работата.

Од него нема да дојдат нови импулси во одбранбената политика, ниту во трансатлантските односи. Картер ќе го прави тоа што ќе му нареди Белата куќа. За разлика од негови тројца претходници, тој има добри лични односи со Сузан Рајс, советничката за безбедност на претседателот. Тоа сигурно ќе помогне да се надминат постојаните несогласувања меѓу Пентагон и Белата куќа. Конечно САД се наоѓаат сѐ уште во војна. Недостасува на пример опсежна старатегија, како Вашингтон сака да се справи со Исламската држава. Она што во моментов го доживуваме, за жал е само нецелосно дело.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми