Обама: САД се посилни од кога и да е
10 септември 2011„САД се посилни и Ал Каеда е на пат кон пораз“, изјави американскиот претседател Барак Обама во неговото неделно радио-обраќање до американските граѓани. Како образложение на својот став, Обама, десет години по нападите од 11 септември, ги наведе убиството на Осама бин Ладен и други лидери на Ал Каеда, зајакнувањето на американските специјални сили и подобрувањето на безбедноста на САД. Потесна е и соработката со сојузниците и партнерите во борбата против тероризмот.
„Сакаа да не‘ тероризираат, но ние како Американци, не сакаме да живееме во страв“, изјави Обама. Тој истовремено изјави дека не треба да се верува оти опасноста од тероризам веќе ја нема. „Да не правиме грешки: тие ќе се обидат повторно да не‘ удрат“, рече американскиот претседател, додавајќи дека затоа Америка останува будна.
Автор: ЕМФ/дпа
Редактор: Б. Георгиевски