1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама се‘ уште на маки

23 јули 2011

Ново назадување во напорите за подигање на лимитот за нови задолжувања во САД - Републиканците се повлекоа од прегoворите со Белата куќа. Американскиот претседател Барак Обама изрази разочараност.

Barack Obama Pressekonferenz Budgetverhandlungen USA Juli 2011
Тешки моменти за американскиот претседател ОбамаФотографија: dapd

Тешко е да се разбере зошто републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Џон Бенер, ги напушти преговорите, изјави Барак Обама пред новинарите во Вашингтон. Тој го нарече „исклучително фер“ најновиот предлог на владата во повеќенедлните преговори околу подигањето на лимитот на новите државни задолжувања. Американскиот претседател најави средба денеска со водечки политичари од двете партии, Демократската и Републиканската, во Белата куќа, за да се договорат натамошните чекори. Обама укажа дека американските граѓани сакаат конечно да видат резулати. Бенер, пак, јасно кажа дека спорот околу зголемувањето на даноците за богатите го отежнува усогласувањето. Во меѓувреме, истекува времето за постигнување договор. Ако до 2. август не биде постигнато решение околу зголемувањето на границата на американските задолжувања од 14,3 билиони долари, на земјата и‘ се заканува платежна неспособност.

Автор: ЖА/ТТ/дв

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми