1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Обвинение против бизнис империјата на Трамп

СН/агенции
2 јули 2021

По неколку години истрага, јавното обвинителство покрена обвинение против деловните практики на концернот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп- Организација Трамп. Станува збор за даночна измама.

USA Biden Inauguration Trump Tower New York
Фотографија: Carlo Allegri/REUTERS

Компанијата на Доналд Трамп и нејзиниот долгогодишен директор се обвинети поради затајување на данок. Според обвинението, директорот на Организација Трамп примил над 1,7 милиони долари, меѓу останатото и за изнајмување на стан, исплати за автомобил и за школување.

Ова е прв кривичен случај по двогодишната истрага на њујоршките правосудни власти за работата на поранешниот претседател на САД. Според обвинението, кое беше објавено вчера, од 2005 до 2021 година финансискиот директор Ален Вајселберг и Организација Трамп ја измамиле државата и затаиле  данок така што не регистрирале некои исплати на високите директори.

Вајселберг и адвокатите на Организацијата Трамп се изјаснија оти не се виновини.

Обвинителот Кери Дан соопшти дека оваа 15 годишна пракса на затајување данок ја воделе највисоките директори во компанијата. Трамп не е обвинет во оваа фаза на истрагата.

Повеќе:

-Трамп е бесен, но Конгресот не доби пристап до неговите даночни изводи

-Трамп: човекот кој не плаќа данок?

-Колку должи Трамп?

Според обвинението, Вајселберг (73) меѓу останатото криел дека е жител на Њујорк за да избегне гратски данок.

Во соопштението Организацијата Трамп го брани Вајселберг наведувајќи дека обвинителот на Менхетен, Сајрус Венс Помладиот, го „користи како пион“ во обид да му наштети на поранешниот претседател.

„Ова не е правда, ова е политика“, наведе Организацијата Трамп, со аргументот оти ни даночната служба, ниту кој било друг регионален обвинител не би помислил да поднесе обвинение поради исплата на допринесите на вработените.

Трамп вчера за време на посетата на Тексас одби да одговара на прашањата на новинарите во врска со овој случај. Тој неделава ги обвини њуроршките обвинители дека се „нељубезни, зли и целосно пристрасни“ и рече оти тоа што го правела неговата компанија е стандардна пракса во бизнис светот и дека не е никакво кривично дело.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми