1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинение против Тачи до крајот на годинава?

Е.М. Фиданоска / афп8 март 2016

Додека Хашим Тачи се подготвува да ја преземе функцијата претседател на Косово, во Приштина сѐ повеќе се нагаѓа дали тој би можел да биде повикан да се појави пред судот во Хаг за да се расветлат злосторствата на ОВК.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Kryeziu

Новоизбраниот претседател на Косово Хашим Тачи вели дека „нема што да крие“ од судот за воени злосторства, пренесува агенцијата АФП во широката анализа за ситуацијата на Косово. Во текстот се потсетува дека Тачи си стекнал име како политички водач на Ослободителната војска на Косово и се наведува дека Советот на Европа во својот извештај од 2011 година, кога Тачи беше премиер, изнесе тешки обвинувања на негова сметка. Во извештајот тој е обвинет дека е на чело на мрежа која функционира слично како мафијашка и која е вмешана во убиства, незаконски затворања, па дури и трговија со органи на затвореници за време и по војната, наведува АФП. Во анализата се вели и дека Тачи постојано ги негира експлозивните обвинувања, изјавувајќи за АФП во очи на изборот за претседател дека „под никави околности не го повредил меѓународното право“. Во текстот натаму стои:

„'Знам дека косовската борба и борбата на ОВК беше чиста и праведна. Никој не може да ја преправа историјата', вели 47-годишникот, нагласувајќи дека Косово целосно ќе соработува со судот финансиран од ЕУ. 'Излеговме пресрет на сите молби и потреби и поради тоа што немаме што да криеме целосно ги поддржуваме сите напори на правосудството.'... Седумнаесет години по војната, судот кој официјално се вика „Kosovo Relocated Specialist Judicial Institution“ е етаблиран според косовските закони, но сместен во Хаг за да се осигура заштита на сведоците во случаите кои се исклучително сензитивни. Судот составен од меѓународни судии ќе ги стражува „сериозните злосторства за коишто се претпоставува дека во периодот од 1999-2000 ги извршиле членови на ОВК врз припадници на етнички малцинства и политички противници, соопшти холандската влада во јануари. Обвиненијата ќе бидат засновани врз сознанијата и резултатите до кои во истрагата дојдоа членови на специјалното тело на ЕУ (EU Special Investigative Task Force - SITF), формирано во 2011 година за да ги истражи наводите од извештајот на Советот на Европа. Поранешниот главен обвинител на СИТФ уште во 2014 година изјави дека резултатите од истрагата се прилично конзистентни и дека вклучуваат 'цврсти докази' кои овозможуваат да се обвинат некои раководни луѓе во ОВК за злосторства против Србите, Ромите, другите етнички малцинства и албански политички противници. 'Врз основа на тоа, Тачи би можел да се вбројува во оние кои ќе бидат обвинети до крајот на годината', изјави за агенцијата АФП неименуван западен дипломат. 'Сепак, дали ќе има солидно подготвен процес против највлијателната политичка фигура на Косово ќе зависи од тоа кој ќе биде подготвен да сведочи против него.' Истиот дипломат вели дека изборот на Тачи за претседател на Косово 'ќе го подигне влогот за секое обвинение', но додава и дека новиот претседател „ревносно ќе се обидува да го исчисти своето име и репутацијата на ОВК'. Новиот шеф на СИТФ, Дејвид Швендиман, за БИРН (Balkan Investigative Reporting Network) минатата недела изјави дека никој што го прекршил меѓународното право 'нема да биде амнестиран'.“

Изборот на нов претседател на Косово беше проследен со жестоки протестиФотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Kryeziu

Во анализата на АФП натаму се наведува дека и етничките Албанци и Србите на Косово се скептични што се однесува до резултатите што ќе ги даде новиот суд, како и околу мотивите кои стојат зад тоа.

„Дел од сведоците умреа, другите имаат слабо сеќавање за настаните, а заплашувањето е најголема препрека, велат аналитичарите. За време на поранешни судења на членови на ОВК имаше исчезнување на сведоци или тие умираа под сомнителни околности. Скептиците исто така прашуваат зошто не беше порано покрената акција, зошто тоа не се случи ниту за време на управата на ОН ниту пак од 2008-мата тоа го стори Еулекс. 'Идејата за екстерен суд беше повеќе политички маневар од страна на ЕУ во обид да си го зачува образот поради (речиси) неуспехот на мисијата на Елекс“, вели политикологот Кренар Гаши. Тој изразува загриженост дека судот 'подгрева големи надежи кај Србите' дека ќе се воспостави 'некаков вид политички баланс' во судењата за воени злосторства, што би можело да ги загрози разговорите за подобрување на односите на Косово и Србија што се водат со посредство на ЕУ. Додека Тачи под меѓународен притисок даде поддршка за основање на судот, неговите политички ривали - вклучувајќи и некои поранешни соборци од ОВК - се противат на неговото создавање, тврдејќи дека тој е неуставен и е навреда за герилската борба. Водечката опозициона фигура Албин Курти смета дека е неопходно да се изврши поголем притисок за да се расчисти поствоената корупција. 'Не мислам дека Тачи сторил многу погрешни работи за време на војната. Мислам дека направи премногу погрешни работи по војната', вели Курти.“

Долгата анализа на АФП завршува со оценката на политичкиот коментатор Беким Купина, кој вели дека обвинение против претседателот би било „многу ризичен чекор“. „Тој ги претставува сите граѓани на Косово... Неговиот товар би можел да падне на грбот на целата земја.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми