1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приведени над 20 учесници во крвавиот четврток

28 ноември 2017

Јавното обвинителство побарало приведување на полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април. На листата се и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

Mazedonien Proteste im Parlament in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Јавното обвинителство покрена истрага против 36 лица осомничени дека сториле кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ според член 313 од Кривичниот законик. Сите приведени се поврзани со крвавиот упад во Собранието на 27 април годинава. Во моментов се наоѓаа на распит во Кривичниот суд. 

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се 36 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент. Полицијата утрово го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Тој не е единствен меѓу приведените поранешни или сегашни вработени во МВР. Обвинителството побарало приведување и на Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир.

Кои пратеници помагаа во упадот во Собранието

03:00

This browser does not support the video element.

Покрај нив, утрово биле приведени и пратеници и граѓани, за кои обвинителството по обемната предистражна постапка, имало докази дека со нивните активности  овозможиле упад на демонстранти во зградата на парламентот и кулминација на насилството.  Обвинителство побарало приведување и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. Според полициски извори, дел од нив веќе се приведени, а по дел сѐ уште се трага, како на пример, по Богдан Илиевски („Бетмен велит“), кој беше еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, а по нивното завршување влезе во освежениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

Меѓу приведените е актерот Владо Јовановски, учесник на протестите и еден од оние кои критичната вечер беа во парламентот, Горан Ангелов од т.н. Македонско патриотско здружение „Андон  Јанев - Ќосето“ од Велес, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, (кои на снимки од видео - надзорот се регистрирани како ги отвораат вратите на Собранието за да влезат демонстранти), една пратеничка, поранешниот директор на ФЗОМ, Сашo Стефановски, и други. Се очекува сите да бидат донесени пред судија за претходна постапка во Кривичниот суд. Пратеникот Стефановски во меѓувреме во изјава за македонските медиуми демантираше дека е приведен.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми