1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАвганистан

Катастрофален земјотрес: Стотици загинати во Авганистан

СН/агенции
22 јуни 2022

Во земјотресот во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан се јавува дека загинале над 920 луѓе, а стотици се повредени. Распоредувањето на спасувачите во оддалечените планински региони се одвива тешко.

Разурната куќа во авганистанскиот регион Пактика по силниот земјотрес
Разурната куќа во авганистанскиот регион Пактика по силниот земјотрес Фотографија: Bakhtar News Agency/dpa/picture alliance

Според досегашните информации од локалните власти во погодените области во Авганистан, најмалку 920 луѓе загинале во силниот земјотрес почувствуван во авганистанско-пакистанскиот пограничен регион. Уште најмалку 600 лица се повредени во земјотресот во провинцијата Пактика, јави авганистанската државна новинска агенција Бахтар.

Земјотресот за кој најнапред беше јавено дека имал интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала во средата во раните утрински часови ги погоди густо населените Авганистан и Пакистан.

Американскиот геолошки завод (УСГС) пак подоцна објави дека земјотресот имал интензитет од 5,9 степени. Според УСГС, епицентарот на земјотресот бил на околу 50 километри југозападно од градот Хост во близина на границата со Пакистан на длабочина од околу десет километри.

Спасувачите од Црвената полумесечнина се упатуваат во погодените региони во АвганистанФотографија: Bakhtar News Agency/dpa/picture alliance

„За жал, минатата ноќ дојде до силен земјотрес во четри области во провинцијата Пактика, во кој настрадаа и се повредени стотици наши сограѓани и уништени се десетици куќи“, напиша на Твитер Милал Карими, портпарол на владата.

Тој ги повика сите итни служби веднаш да испратат екипи на терен за да се спречи натамошна катастрофа.

Поголемиот број смртни случаи се забележани во покраината Пактика, рече Мохамад Насим Хакани, челник на талибанската влада за управување со катастрофи.

Починати има и во источните покраини Нангархара и Кос, додаде тој.

Земјотресот се почувствувал во распон од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и во Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. 

Земјотресите не се невообичаени во Авганистан и особено во планинскиот венец Хиндукуш. Штетата е често поразителна поради лошата градба на многу авганистански куќи. На ова се додава фактот дека хуманитарната ситуација во Авганистан е катастрофална како резултат на повлекувањето на западните трупи и преземањето на власта од страна на радикалните исламски талибанци во минатата година. Има недостиг од храна и лекови.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми